Од кампањата на Бајден се противат дека нивниот кандидат треба да се повлече по првата неуспешна дебата, но и дека се веќе вложени 50 милиони долари за медиумски реклами, но и агресивниот распоред кој го има кампањата.
Бајден на митингот во Висконсин рече дека останува во трката. Граѓаните велат дека тој сè уште е остварлив кандидат.
„Треба да биде доследен. Треба да биде, нема да речам пркосен, но некаде помеѓу доследен и пркосен, тој треба да им даде до знаење на луѓето, и тоа го направи денес, кажа дека нема да се повлече. Освен ако нешто драматично не се промени. Тој е правиот човек за мене“, вели Сабрина Џордан од Висконсин.
Други пак не се толку сигурни.
„Физиологијата што ја покажа, тој не е истиот човек. Не можете да се вратите назад. Не стануваме помлади. Не можете да ја победите староста“, вели Џонатан Лустаг од Висконсин.
Враќањето на Бајден повторно во кампањата по дебатата не ја намалува загриженоста на некои гласачи.
„Не се чувствувам сигурна во способноста на Џо Бајден да победи на овие избори и тоа ме плаши“, смета Елис Џонстон од Минесота.
За приврзаниците на Трамп, дебатата на Бајден, го потврди нивното очекување дека тој не е погоден за уште еден мандат.
„Нема ништо што може да излезе од устата на Џо Бајден за да ме натера да мислам на нешто друго освен она што тој веќе ми го покажал. Исто и за Трамп“, вели Ламонт Пирсон од Калифорнија.
Дебатниот настап на Бајден не е целата слика, велат гласачите.
„Мислам дека Џо Бајден е многу страстен и многу интелигентен. Мислам дека не се претстави добро, бидејќи не ги исполни очекувањата, а неговиот настап беше она што луѓето го очекуваа од него“, смета Џефри Танарели од Џорџија.
Тој недостиг на енергија остава простор за нов кандидат.
„Ми беше јасно дека можеби Бајден не е како порано. Мислам дека би поддржала нов кандидат наместо Бајден“, смета Хана Соболевич од Вашингтон.
Ако демократите сакаат да имаат поинаков кандидат, тие треба брзо да реагираат, велат граѓаните.
Facebook Forum