Линкови за пристапност

Бајден ќе се сретне со Зеленски во Белата куќа на 26 септември


Претседателот Џо Бајден се ракува со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната канцеларија во Белата куќа во Вашингтон, 12 декември 2023 година
Претседателот Џо Бајден се ракува со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната канцеларија во Белата куќа во Вашингтон, 12 декември 2023 година

Претседателот Џо Бајден ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа следната недела на 26 септември, на разговори за тековниот украинско-руски конфликт, објави во четвртокот Белата куќа.

Во изјавата на портпаролката Карин Жан-Пјер се вели дека Зеленски ќе се состане одвоено и со потпретседателката Камала Харис.

„Лидерите ќе разговараат за состојбата на војната меѓу Русија и Украина, вклучително и стратешкото планирање на Украина и поддршката на САД за Украина во нејзината одбрана од руската агресија. Претседателот и потпретседателката ќе ја истакнат својата непоколеблива посветеност да ја поддржат Украина додека таа не победи во оваа војна“, рече таа.

Зеленски изјави дека има план за победа во руската војна против неговата земја и дека има намера да му го претстави предлогот на Бајден.

Зеленски неодамна кажа дека рече дека војните на агресија, како онаа што ја води Русија против Украина, може позитивно да завршат со, или окупаторската армија да биде протерана од бојното поле, или преку дипломатија, во која нападнатата земја ќе се ослободи од окупација и ќе се зачувува нејзината независност.

„Во двата случаи, на Украина ѝ треба силна позиција“, рече тој.

„САД можат да помогнат во ова“.

Во последниве недели, Зеленски ја изрази својата фрустрација што сè уште не добил дозвола од сојузниците - особено од САД и Велика Британија - да го користат нивното оружје со долг дострел против цели во Русија.

Двете држави изразија загриженост дека ќе бидат вовлечени во директна конфронтација со Русија.

XS
SM
MD
LG