Линкови за пристапност

ЕУ вети силен одговор за иранскиот трансфер на ракети на Русија


Знамињата на Европската Унија пред седиштето на Комисијата на ЕУ во Брисел
Знамињата на Европската Унија пред седиштето на Комисијата на ЕУ во Брисел

Трансферот на иранските балистички ракети во Русија претставува натамошна воена ескалација и ќе биде проследен со „силен одговор“ од Европската Унија (ЕУ), изјави денес портпаролот на ЕУ за надворешни работи Петер Стано.

Стано рече дека дипломатската служба на ЕУ, на барање на шефот за надворешна политика Жозеп Борел, веќе им претставила на членките на ЕУ „значителен сет на решителни и насочени мерки“ против Иран како одговор на трансферот.

Сите такви мерки ќе мора да бидат договорени од сите 27 членки на ЕУ за да стапат на сила, додаде Стано.

„Потврдуваме (ние) добивме веродостојни информации за испорака на ирански балистички ракети за Русија“, рече тој.

„Високиот претставник Борел, во своите билатерални контакти со иранските партнери, постојано го предупредуваше Иран против таквата одлука“, рече Стано.

Тој рече дека трансферот е во спротивност со Повелбата на ОН, меѓународното право и меѓународното хуманитарно право.

„Испораката на балистички ракети најверојатно ќе помогне во руската ескалаторна кампања за бомбардирање против украинските цивили, градови и цивилна инфраструктура, дополнително зголемувајќи ги цивилните жртви и уништувањето“, рече Стано.

„Таквата поддршка на руската терористичка кампања против населението на Украина ќе биде дочекана со силен одговор на ЕУ“.

XS
SM
MD
LG