Линкови за пристапност

Зеленски вели дека „планот за победа“ на Украина зависи од брзите одлуки на сојузниците


Претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лејен и претседателот на Украина Володимир Зеленски, присуствуваа на заедничка прес-конференција во Киев, Украина, 20 септември 2024 година
Претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лејен и претседателот на Украина Володимир Зеленски, присуствуваа на заедничка прес-конференција во Киев, Украина, 20 септември 2024 година

„Планот за победа“ на Украина во војната против Русија зависи од брзите одлуки што ќе ги донесат сојузниците оваа година, рече претседателот Володимир Зеленски денес за време на посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Зеленски на заедничката прес-конференција со фон дер Лајен рече дека Украина планирала да го искористи предложениот заем од повеќе милијарди долари од Европската Унија за воздушна одбрана, енергија и купување домашно оружје.

Зеленски ја истакна важноста на американскиот претседател Џо Бајден за победничкиот план, за кој рече дека двајцата лидери ќе разговараат кога ќе се сретнат.

Украинскиот лидер следната недела патува за САД.

„Повеќето одлуки од планот зависат конкретно од него [Бајден]. И од другите сојузници, но има одредени точки кои зависат од добрата волја и поддршката на САД“, рече Зеленски.

Зеленски даваше редовни ажурирања за подготовката на планот, но даде неколку индиции за содржината, укажувајќи само дека тој има за цел да создаде услови прифатливи за Украина по повеќе од 2-1/2 години војна по целосната инвазија на Русија.

„Целиот план се заснова на брзи одлуки од нашите партнери. Планот се заснова на одлуки кои треба да се одржат од октомври до декември, а не одложување на овие процеси“, рече тој на прес-конференцијата заедно со фон дер Лајен.

Русија денес го отфрли „планот за победа“ елабориран од украинскиот претседател Володимир Зеленски и рече дека нема никаква врска со потрагата по дипломатско или политичко решение за ставање крај на војната.

XS
SM
MD
LG