Линкови за пристапност

Бајден го обвини Трамп за строгите закони за абортус во САД


Бајден го обвини Трамп за строгите закони за абортус во САД
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:31 0:00

Американскиот претседател Џо Бајден ги наметна репродуктивните права како централен дел на неговата кампања за реизбор, обвинувајќи го неговиот противник Доналд Трамп дека го отворил патот кон построги закони за абортус. Трамп, пак, покажува поумерена позиција за абортусот. Известува Скот Стернс. .

Џо Бајден водеше кампања за репродуктивните права во Флорида, каде што државната забрана за абортус над шест недели станува закон оваа недела.

„Тоа е криминализирање на грижата за репродуктивното здравје пред жените да знаат дали се бремени. Мислам, ова е бизарно“, рече Бајден.

Законот за абортус на Флорида ќе биде еден од најрестриктивните во нацијата и е… победа за конзервативните републикански лидери во државата, вели професорката по право на Универзитетот во Мајами, Каролина Корбин.

„За оние луѓе чија религија учи дека животот започнува пред зачнувањето и затоа бременоста е морален еквивалент на човечко суштество, оваа одлука е очигледно триумф“, смета Керолин Корбин, професорка по право на Универзитетот на Мајами.

Тоа е и политички предизвик за Доналд Трамп, кој вели дека законот на Флорида оди предалеку, но кој исто така сака да ги потсети гласачите против абортусот дека ја прекинал федералната заштита на национално ниво …со именувања во Врховниот суд што го сменија судското мнозинство во Судот и го поништија Ро против Вејд.

Кампањата на Бајден гледа на ова како политичка можност.

„50 години, Судот го штити фундаментално уставно право на приватност. Но, пред две години, тоа беше одземено. Да бидеме навистина јасни: има едно лице одговорно за овој кошмар и тој призна и се фали со тоа: Доналд Трамп“, рече Бајден.

Трамп се пофали со тоа и го стори тоа повторно преку Truth Social / @realDonaldTrump)) во видеото на неговата страница по социјалните мрежи овој месец.

„Оваа 50-годишна битка околу Ро против Вејд ја извојувавме против федералните прописи и сега се на ред ставовите и гласовите на луѓето во секоја држава. Сега останува на државите да ја направат вистинската работа“, истакна Трамп.

Предизвикот е кога државите прават работи со кои Трамп не се согласува. Како на пример, Флорида.

И како Аризона, каде државниот Врховен суд ја потврди забраната од 1800-тите за речиси сите абортуси.

Гласачите во Аризона и Флорида ќе имаат прашања за правата на абортусот на нивните ноемвриски гласачки ливчиња.

Слични иницијативи во Канзас и Охајо во последните две години. А Трамп ги потсетува поддржувачите за изборната ранливост на абортусот.

„Како Роналд Реган, јас сум силно за исклучоци во случај на силување, инцест и заштита на животот на мајката. Мора да го следите своето срце за ова прашање, но запомнете, мора да победите и на избори за да ја вратите нашата култура и да ја спасите нашата земја, која во моментов за жал е нација во пад“, изјави Трамп преку неговата социјална мрежа.

Тоа е политичка ранливост, што Бајден ја нагласува.

„Доналд Трамп е загрижен дека гласачите ќе го повикаат на одговорност за суровоста и хаосот што ги создаде. Лошата вест за Трамп е дека ќе бараме од него одговорност. Тој треба да одговара“, категоричен е Бајден.

Како дел од притисокот за репродуктивните права, администрацијата на Бајден изминатата седмица ја зајакна заштитата за приватноста за медицинските досиеја за жителите кои патуваат преку државните линии. Таа има за цел да ги заштити жените кои живеат во сојузни држави каде што абортусот е незаконски и да не бидат кривично гонети од државата за абортус на друго место.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG