Производството на автомобили не се променило многу во последните 100 години, бидејќи е прилично неефикасно, вели пронаоѓачот и дизајнер на автомобили Кевин Зингер.
Зингер и неговиот син Лукас работат на промена која вклучува користење на вештачка интелигенција за инженерство на делови произведени на 3-Д печатач кои се полесно приспособливи отколку во традиционалното производство.
Тие велат дека тоа е пристап кој ги намалува индустриските емисии на јаглерод и го олеснува дизајнот на автомобилите дозволувајќи им на локалните производители да создаваат приспособени делови.
Facebook Forum