Линкови за пристапност

Антикорупциска ќе го испитува имотот на Јанушев и патувањето на синот на премиерот Мицкоски во САД


Антикорупциската комисија соопшти дека ќе проверува дали се е според закон во случајот со подарениот имот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, во центарот на Скопје вреден 325 илјади евра како и за тоа кој го платил авионскиот билет и престојот на синот на премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата на владината делегација на самитот на НАТО во САД. Во двата предмети се испратени барања за доставување на документи со информации од повеќе државни институции.


Јанушев тврди дека се е чисто и дека тоа ќе го потврдат и Антикорупционерите, премиерот Мицкоски најави дека ќе достави до Антикорупционерите се што евентуално ќе биде побарано

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG