Историски момент во САД во 2021 година, поранешната сенаторка, Камала Харис, стана првата жена потпретседателка на САД.
„Чест ми е да бидам овде, да застанам на рамениците на оние кои дојдоа претходно“, рече Харис.
Камала Харис е, исто така, првата Афроамериканка и Индоамериканка која стапува на втората највисока функција на државата.
„Таа скрши толку многу „стаклени тавани“ за толку многу жени“, посочува демократката Барбара Ли.
Ќерка на мајка Индијка и татко од Јамајка, Харис е родена во Оукленд, Калифорнија. Нејзиниот мурал се појавува во училиштето до кое била возена со автобус како дете ... како дел од обидите за расна интеграција.
Дипломирана на Универзитетот Ховард, Харис стана првата жена окружна обвинителка во Сан Франциско во 2004 година, а потоа, во 2011 година, првата Афроамериканка која служела како јавна обвинителка на Калифорнија.
За време на нејзиниот мандат како потпретседателка, Харис беше гласна за случајот „Роу против Вејд“ пред Врховниот суд на САД, во кој судот направи поништување на одлуката од 1983 година со која абортусот стана легален на федерално ниво. За време на мандатот на претседателот Доналд Трамп, тој назначи тројца конзервативни судии во највисокиот суд.
„Тој е горд, гордо го истакнува случајот и поништувањето на одлуката во „Роу против Вејд“ и зема заслуга за истото. Така што, не правете грешка – ако Трамп добие прилика, тој ќе потпише национална забрана за абортус и ќе го забрани абортусот во секоја сојузна држава“.
Потпретседателката, исто така, го поздравува продолжувањето на Законот за пристапна нега и намалената цена на инсулинот, постигната од администрацијата на Бајден.
Порано, таа беше насочена да ги води напорите на администрацијата на границите. Но, кампањата на Бајден заврши со одбраната како тема, а имиграцијата беше клучно прашање на изборите во 2024 година.
„Сега, луѓе кои се без документи, а се сопружници на американски државјани кои биле во земјата десет или повеќе години, можат да останат во земјата додека аплицираат за зелена карта“, рече Харис.
Зборувајќи со проимигрантски групи како што се Американците со азиско потекло, домородните Хавајци и жителите на пацифичките острови, таа брзо се фокусира кон зборовите на Доналд Трамп.
„Тој ги оцрнува имигрантите, промовира ксенофобија, некој што шири омраза, никогаш повеќе не треба да има прилика да застане зад микрофонот со печат на претседателот на САД“, истакна Харис.
Камала Харис стана поприсутна на јавните собири кои беа дел од кампањата, по слабиот настап на претседателот Џо Бајден во јунската дебата со поранешниот претседател Доналд Трамп.
„Го победивме Трамп еднаш и ќе го победиме повторно. Точка", беше категорична Харис.
Со повлекувањето на претседателот Бајден од трката, доколку Харис биде номинирана, таа повторно ќе влезе во историјата како прва Афроамериканка и Индоамериканка која се кандидирала за највисоката функција на државата.
Facebook Forum