Линкови за пристапност

Анализа: Како ќе влијае говорот на Нетанјаху во Вашингтон врз политиката на САД кон Израел?


Анализа: Како ќе влијае говорот на Нетанјаху во Вашингтон врз политиката на САД кон Израел?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:24 0:00

Обраќањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху минатата недела пред Конгресот ги истакна партиските поделби на САД за неговото водење на војната против терористичката група Хамас и некои од неговите разлики со претседателот Џо Бајден. Анализа на Мајкл Липин. .

Зборувајќи на заедничката сесија на двата дома на Конгресот и, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во средата ги повика САД да продолжат да стојат со Израел додека неговата влада работи на ослободување на заложниците кои ги држи Хамас и се брани од нападите на други елементи поддржани од Иран.

„Мислам дека имаше многу што да и се допадне на Белата куќа, очигледно немаше само директни пофалби за претседателот Бајден. Но, посветеноста да се постигне договор за заложниците, за прекин на огнот, неисклучување на патот кон примирје, и во Газа и на северниот фронт во Израел, отворање на можноста некако да се дојде до нормализација договор со Саудиска Арабија“, смета Ричард Голдберг од Фондацијата за одбрана на демократиите.

Нетанјаху рече дека Израел мора да ја задржи контролата во Газа во догледна иднина за да се осигура таа никогаш повеќе да не претставува терористичка закана.

Администрацијата на Бајден се противи на долгорочно присуство на израелски војници во Газа, сметајќи дека тоа не е во согласност со нејзината цел да им се помогне на Палестинците да постигнат независност како дел од решението што САД го поддржуваат - за две држави.

„За жал, премиерот Бенјамин Нетанјаху продолжува да демонстрира, како што видовме, дека не е на иста линија со таа визија. Така, ова ќе биде континуиран предизвик за претседателот Бајден, зашто не слушнав ништо во говорот што сугерира дека Нетанјаху донесе нешто ново што може да ја промени траекторијата на Бајден“, вели Алисон МекМанус од Центарот за американски прогрес.

Со одлуката да не бара реизбор, американскиот претседател има само половина година да ги искористи своите овластувања за да се обиде да влијае на Израел.

„Кога ја гледаме испораката на оружје во Израел, се разбира дека тој продолжува да контролира дали оружјето доаѓа или не во Израел и колку брзо доаѓа во Израел. Значи, тука има многу алатки, политички, воени, дипломатски, стратегиски, економски, кои претседателот сè уште ги има на располагање за овие шест месеци“, додава Голдберг.

Илјадници анти-израелски активисти се собраа во средата во Вашингтон за да побараат прекин на помошта на САД за Израел, обвинувајќи го за воени злосторства против Палестинците. Со што се согласуваат и некои демократски законодавци.

Десетици други млако го поздравија говорот на Нетанјаху или го бојкотираа, што покажа заострување на поделлбите меѓу демократите во врска со Израел.

„Постојат прилично сериозни забелешки за тоа како Израел користел оружје финансирано од американските даночни обврзници во својата војна во Газа. Иако тоа нема да ја загрози поддршката за одбраната на Израел, мислам дека тоа натера многу членови на Конгресот, особено демократски, двапати да размислат за тоа колку брзо и колку континуирана дополнителна поддршка би можеле да обезбедат“, посочува МекМанус.

Нетанјаху доби поентузијастички одговор од републиканците за неговиот повик да му ги даде на Израел алатките за побрзо да ја заврши работата против Хамас. Не е јасно дали ќе ги добие до крајот на мандатот на Бајден.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG