Линкови за пристапност

Аналитичари сметаат дека Непал паднал во замка на должнички однос со Кина


Аналитичари сметаат дека Непал паднал во замка на должнички однос со Кина
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:00 0:00

Меѓународен аеродром во Непал, финансиран од Кина, беше отворен пред повеќе од една година, но сè уште нема меѓународни летови. Отплатата на заемот за аеродромот Покара треба да започне наскоро, па многумина се загрижени дека Непал западнал во замка за исплата на долгови. Известува Хенри Вилкинс

Покара во Непал е привлечна за авантуристи. Магнет за трагачи на возбуда од Индија со банџи скокови, зип-лајн и пешачење по Хималаите.

Единствениот начин да се стигне до Покара е со редовен лет до некое друго место во Непал.

Но, кога се отвори нов меѓународен аеродром во јануари 2023 година, Непалците мислеа дека бизнисот ќе добие поттик.
Самар Непали организира тури за туристи со брод.

„Откако се отвори новиот аеродром во Покара, нема знаци за меѓународни летови. Мислам дека ако има меѓународни летови, тоа ќе го направи нашиот бизнис многу подобар и владата треба да се залага за тоа“, вели Самар Непали од Асоцијација на тур-оператори.

Новиот аеродром во Покара беше изграден и делумно финансиран од Кина. Заемот требаше да се врати преку профитот од аеродромот.

До денес, на аеродромот нема редовни меѓународни летови, а бројот на патници е драстично помал од очекуваното.

Туристичкиот совет на Покара потсетува дека оваа индустриска гранка лобирала за аеродром со децении.

„Меѓународен аеродром е спас не само за Покара туку и за западниот регион. Тоа е надеж за целата туристичка индустрија во Непал“, вели Гопи Бахадур Батараи од Асоцијација на Туристички совет, Покара.

Бидејќи отплатата на заемите треба да започне во 2026 година, многумина се загрижени дека Непал можеби станал жртва на таканаречената кинеска „дипломатија со замка за задолжување“.
Други кинески инфраструктурни проекти во земјите во развој се под лупа во последниве години поради скапа и лоша инфраструктура на крајот, но и преголемата задолженост за барателите на заем.
Кинеската амбасада во Непал објави дека аеродромот забележал повеќе пристигнувања на туристи минатата година отколку пред пандемијата.

Ги нарече ваквите обвиненија како наративен притисок, креиран да ја загрози соработката на Кина со другите земји во развој.

Еден експерт за надворешни работи вели дека Непал станува сè повнимателен кон инфраструктурните проекти финансирани од Кина и гледа кон заеми од други земји.
„Светската банка е подготвена да ги финансира нашите инфраструктурни проекти. Европските банки се подготвени да финансираат. Јапонија, понекогаш го отпишува заемот по пет или 10 години“, вели Виџај Кант Карна, експерт од Центарот за социјални иновации.

Сопствениците на бизниси во Покара се надеваат дека Кина и Индија наскоро ќе почнат да организираат летови со повеќе туристи за Непал.
Непалските политичари, пак, преговараат со Кина за да видат дали е можно Пекинг да го отпише заемот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG