Линкови за пристапност

Аналитичари прогнозираат десничарски исход на изборите за Европскиот парламент


Аналитичари прогнозираат десничарски исход на изборите за Европскиот парламент
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:00 0:00

Десничарските, популистичките партии се очекува да се зголемат после тридневните избори што ќе започнат на 6. јуни за ЕУ парламентот – искористувајќи го гневот на гласачите. Аналитичарите предвидуваат дека последиците би можеле да влијаат на политиките ширум ЕУ. Известува Лиза Брајант.

Неделниот пазар околу 100 километри јужно од Париз, е добро место за средба со локалното население, особено пред изборите за Европскиот парламент во Франција на 9. јуни.

Пред неколку години, многу гласачи можеби се двоумеле да разговараат со овие членови на екстремно десничарската партија Национален марш. Денес помалку.

„Нешто треба да се направи затоа што луѓето тешко врзуваат крај со крај. Јас претходно гласав за Национален марш. Не се срамам да признаам. И јас ќе се држам до мојот став“, вели Фредерик Мокрис, Французин.

Анкетите прогнозираат дека Национален марш би можел да освои повеќе од една третина од гласовите на францускиот парламент на ЕУ, двојно поголема поддршка за владејачката партија на претседателот Емануел Макрон.

„Овие типови на влади, глобалистички, прогресивни, понекогаш (не почитувајќи) прашања што им се допаѓаат на луѓето - ги одби луѓето од оваа политика“, посочува Иванка Естабен, поддржувачка на Национален марш.

Со лидерката Марин Ле Пен, Национален марш се фокусира на основните прашања како што се работните места и економијата. И веќе не зборува за напуштање на Европската Унија, туку само за нејзино менување.

„Сè е во корист на Национален марш поради една добра или лоша причина: тие никогаш не биле на власт, ниту сами, (ниту) во коалиција. Толку многу француски гласачи велат „ова е облог за иднината, но зошто да не се обидеме? И ако не сме задоволни со нив, ќе ги тргнеме“, објаснува аналитичарот Жан-Ив Ками.

Национален марш има уште една моќна предност: 28-годишен Џордан Бардела, кој ја предводи партиската листа за изборите за Парламентот на ЕУ и кој го освежи брендот во обид да ја прошири својата привлечност кај младите гласачи.

„Бардела е способен, силен, посветен и нема минато досие за припадност на екстремно движење“, вели Ками.

Но, не секој го сака брендот на Бардела. Сеќавањата од прва рака за нацистичката агресија прават некои постари гласачи да се соменваат во националистите.

Продавачот на пазар Ндонго Мбаје, по потекло од Сенегал, е против строгите имиграциски политики на Национален марш. Неговите деца се Французи.

„Мојот дедо од Сенегал има повеќе од 100 години. Тој се борел (за Франција) против Германците за време на (Втората светска војна). Значи, кога зборуваат за нулта имиграција, не можам да го прифатам тоа“, вели Мбаје.

Национален марш и другите десничарски партии можеби би можеле да слават по овие избори во ЕУ.

Но, аналитичарите, како Ками, велат дека тоа можеби не мора да значи победа на националните избори - вклучително и на француските претседателски избори во 2027 година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG