Комонвелтот на Северните Маријански Острови е збир од острови во Тихиот Океан, територија на САД која е далеку од Вашингтон.
Од 2019 година, Комонвелтот на Северните Маријански Острови им нуди на кинеските државјани 14-дневен влез без визи за да помогне во поттикнувањето на туризмот.
Гувернерот на Комонвелтот на Северните Маријански Острови Арнолд Паласиос за Гласот на Америка изјави дека програмата ја направила Кина профитабилен извор на посетители.
“Пред пандемијата, близу 45 до 48% од туристите кои доаѓаат во Комонвелтот се од континентална Кина - 185.000 луѓе”, рече Паласиос.
Но, републиканскиот претставник Нил Дан вели дека програмата отворила задна врата за кинеските граѓани кои нелегално работат на островите, продаваат дрога или можеби собираат разузнавачки информации за стратешките воени инсталации на САД во регионот.
“Беше искрена работа да се проба, но станува дупка што Кинезите ја користат”, смета Дан.
Во писмото до Одделот за домашна безбедност минатата година, Дан и уште 31 републиканец во Конгресот повикаа на затворање на програмата, барајќи од кинеските државјани да добијат туристичка виза за да ги посетат островите. Одделот за домашна безбедност не одговори на барањето на Гласот на Америка за коментар по писмото од Конгресот.
Покрај визниот проблем, Паласиос вели дека има проблем и се со нелегален влез во регионот. Во септември, повеќе од десет кинески државјани беа кривично гонети за илегален обид да влезат во Гуам со изнајмување на брод од островот Саипан од Комонвелтот на Северните Маријански Острови.
Facebook Forum