Хеликоптерот Блек Хок демонстрира медицинска евакуација како дел од вежбата „Северна шума 24“, годишна вежба организирана оваа година од страна на финската војска. Во своето најголемо учество досега, САД испратија 2.000 војници да учествуваат во вежбите.
Војниците патуваа во конвој низ Норвешка и Шведска, симулирајќи го засилувањето на Финска, една од најновите членки на НАТО, во случај на напад. Тоа е првпат да вежба ваков маневар.
Запрашан со какви предизвици се соочиле некои од американските војници кои првпат оперираат северно од Арктичкиот круг, еден американски војник рече:
„Се мора мошне брзо да се изнесе од бродот. Тоа беше нешто што го немавме направено долго време. Аклиматизација на студот, за многу војници, бидејќи не сме навикнати на тоа“.
Загриженоста за геополитичките цели на Русија во регионот е висока по нејзината целосна инвазија на Украина во 2022-та.
И Норвешка и Финска, која ја дели границата со Русија, во последниве месеци потпишаа одбранбени пактови со САД, давајќи им на американските сили пристап до базите и областите за обука на крајниот север на двете земји, како овој во Ровајарви.
Норвешка е членка на НАТО од 1949 година, но Финска се приклучи дури минатата година. Американските трупи се тука делумно за да осигурат дека армиите можат да соработуваат заедно. Според правилата на НАТО, доколку една членка биде нападната, се очекува сите членки да помогнат во неговата одбрана.
САД историски ја гледаа Финска како партнер, но нивниот статус сега како сојузник во НАТО значи дека посветеноста на Америка кон неа е многу поголема.
„Имавме цврсто партнерство со Финска и пред да бидеме во НАТО и затоа ова го проширува тоа партнерство и севкупните способности. Ги поддржуваме идните партнерства“, вели Рајан Барнет американски војник од 10-та дивизија.
Финскиот министер за одбрана, Анти Хаканен, вели дека Русија не треба да ги гледа вежбите како провокација.
„Ова е само за поддршка на нашата одбрана. Секоја нација има право да вежба и тренира сопствена одбрана со нашите сојузници во НАТО. Тоа е нашата порака“, рече Хаканен.
До 2022 година, Финска одржуваше добри односи со Русија, пред да донесе одлука да се приклучи на НАТО по целосната инвазија на Русија на Украина.
Москва го нарече членството на Финска, опасна историска грешка, што ќе ја ослаби безбедноста во поширокиот регион и ќе го зголеми ризикот од конфликт.
Facebook Forum