Линкови за пристапност

Американска компанија и помага на Украина да развие нуклеарна енергија


Американска компанија и помага на Украина да развие нуклеарна енергија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:07 0:00

Русија уништила 50 отсто од капацитетот за производство на електрична енергија на Украина, според Зеленски. Украина се обрати до американскиот енергетски гигант Вестингхаус за помош во развојот на нуклеарни реактори. Тетиана Кукурика ја има сторијата.

Пред целосната руска инвазија на Украина во 2022 година, нуклеарната енергија сочинуваше околу половина од енергијата на Украина, а Киев зависеше од Москва за нуклеарни услуги и гориво.

Но, војната ја наруши трговијата меѓу земјите. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека од крајот на март, руските напади уништиле околу половина од способноста на земјата да произведува електрична енергија.

Овде во нуклеарната централа Хмелницки во западна Украина, работниците градат две нови единици за нуклеарни реактори, со помош на американскиот енергетски гигант Вестингхаус.

Вестингхаус работи во Украина со децении, но по руската инвазија, нејзината соработка со Енергоатом се интензивираше и помогна да се потисне руската енергетска компанија Росатом, изјави украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко.

Во 2022 година, Вестингхаус и Енергоатом се договорија за заедничка изградба на девет нови енергетски реактори во Украина со американска технологија.

Како што пишува Киев Индипендент, Хмелницки ќе биде замена за Запорожје како најголема нуклеарна централа во Европа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG