Додека Израел продолжува да ги напаѓа, како што вели, целите на Хамас во Газа, вклучително и ова училиште управувано од Агенцијата на ОН за палестински бегалци, хуманитарната помош за палестинските цивили е посуштинска од кога било.
Но, двата најголеми донатори - САД и Германија, ја прекинаа својата помош, заедно со 14 други земји донатори.
Во документот, наводно, раширен од Израел, се вели дека 12 вработени во Агенцијата на ОН за палестинските бегалци, учествувале во смртоносниот напад на 7-ми октомври, во кој терористите на Хамас убија 1.200 луѓе и заробија уште 253 лица во Газа.
Директорката за комуникации на Агенцијата на ОН за палестински бегалци Тамара Алрифаи одговори.
„Имаме 33.000 луѓе. Повеќето од нив, речиси сите, се многу вредни, многу посветени. Во агенцијата се долги години. И затоа е исклучително важно за нас навистина да имаме независна истрага за овие конкретни поединечни случаи што Израел ни ги предочи“, рече Алрифаи.
Во Обединетите нации, ова го кажа американската амбасадорка Линда Томас-Гринфилд.
„Знам дека треба да видиме фундаментални промени пред да продолжиме со обезбедувањето финансирање директно на Агенцијата на ОН за палестински бегалци. И како што знаете, не треба да дозволиме тоа да ја засени одличната работа што ја прави агенцијата“, посочи Томас-Гринфилд.
Facebook Forum