Линкови за пристапност

Само во Америка: Реклами на авиони


Само во Америка: Реклами на авиони
Само во Америка: Реклами на авиони

Авиокомпаниите продаваат повеќе од места на летовите

Повеќе американски авиокомпании се во финансиски тешкотии. Неколку се споија или тоа ќе го сторат наскоро. Речиси сите наплатуваат за чекирање на багажот, и продаваат, а не даваат, храна на летовите.

И многу се свртуваат на различен вид продажби на летовите да соберат пари. На неодамнешен лет стјуардесата бараше од патниците да размислат за пријава за кредитна картичка на Банката на Америка.

И тоа не е реткост:

„Ова е капетанот Бигли од кабината. Добродојдовте на летот 241 на кој му треба готовина.И зборувајќи за „два за еден“ потсетување дека може да останете две ноќи во Мотелите Хепи Ин низ Америка по цена за една. Нашата дестинација е Денвер, каде Рилајабл Рент-а-кар чека да ве услужи. Опуштете се на седиштата на компанијата за мебел Ферндејл, купете по некој пијалак како Фрости-Ап и уживајте во летот. Кога ќе достигнеме соодветна височина нашите членови на екипажот ќе поминат со лото ливчиња за гребење на нашата компанија на која и` треба готовина.“

Или оваа порака:

„Доброутро од нашиот екипаж. Јас сум Деби, вашиот менаџер за продажба. Ќе забележите дека сите ние носиме облека на Франко Бистели, што само оваа недела е на намаление. Ќе поминеме низ кабината со купони за бесплатен пијалок во Фреди Лаунџ во Денвер. И ако ви треба повеќе готовина, пријателски расположен службеник од Фрст Секонд Банк – каде „ги земаме вашите пари со насмевка“, - ќе ви биде на располагање, назад во кабината. И проверете под вашите седишта, каде 10 среќни патници ќе најдат ваучери за 20 проценти намаление на вашето следно купување на парфеми од Пиер оф Пари.“

Филмските канали на телевизијата на летовите веќе се полни со реклами. Сме виделе реклами и на масичките на седиштата. Мислите ли дека цели авиони со реклами на пиво на ниво се далеку зад сево ова?

XS
SM
MD
LG