Линкови за пристапност

Само во Америка: Летни кампови


Само во Америка: Летни кампови
Само во Америка: Летни кампови

Летото само што не пристигнало во Америка и милиони деца ќе бидат дома по завршувањето на училиштето – но тоа не значи дека навистина ќе бидат дома. Многу од нив заминуваат во летни кампови, за недела, две и повеќе.

Во рустични локалитети со привлечни имиња како „Камп Хијавата“, летните кампови традиционално значат чист воздух и планински потоци, прошетки во природа и јавање коњ, приказни за духови, уметност и ракотворби, собири околу логорски оган. И се разбира пеење камперски песни.

Понекогаш од една страна на реката е камп за момчиња, а од другата страна камп за девојчиња. И должност на наставниците е да ја задржат таа поделба.

Понов тренд е специјализирање на камповите. Некои ги обучуваат децата за играње шах, а некои за хибру или хокеј. Може да најдете камп за преживување во дивина, кампови за дебели деца, кампови за виолинисти, за деца со дијабетис, па дури и за момчиња извидници кои зборуваат украински.

Во денешно време, летните кампови се уште поспецијализирани. Не одите само во камп за фудбал. Одите во камп за голмани. Не одите само во компјутерски камп, туку за Интернет веб дизајнери. Не одите само во кулинарски камп, туку во камп за љубители на печурки. Има американско-индијски кампови, и азиско-индијски кампови, кампови за подготвка за тестови, кампови во пештери, кампови каде ловите бубачки и кампови засновани на фиктивното момче-волшебник Хари Потер. Има и нешто што се вика „сајберски камп“ иако не сме сосема сигурни дека буквално „одите“ во тој камп.

За што и да помислите – веројатно има камп за тоа. Но ќе ви треба малку повеќе време и енергија да најдете обичен летен камп каде уште се пеат старите камперски песни.

XS
SM
MD
LG