Пред 13 години, американскиот претседател Бил Клинтон кој беше вовлечен во секс скандал, го одговори славното прашањето од главната порота на несекојдневен начин и рече: „Зависи што подразбирате под зборот „е“.
Многу луѓе сметаат дека тоа беше или духовито или ужасно да се преправате какво значење има збор кој е јасен. Но, се чини дека се повеќе се користи такво ултра-внимателно интерпретирање на обични зборови.
Во судниците ширум земјата, судиите „копаат“ секојдневно за значението на општоприфатените зборови. Неодамна во јуни, дури и првиот човек на Врховниот суд, Џон Робертс консултираше пет речници да го определи значењето на сврзникот „од“ за некое мислење.
Судиите од пониските судии пребаруваат по речници најдобра дефиниција на зборовите „сега“, „било кое“ и „ако“.
Единствен проблем е што има многу речници и многу толкувања за еден збор.
Гордон Кристи, професор по право при колеџот Мисисипи вели дека „имаме закана од апсурден спектакл од судии кои се расправаат за тоа кој речник е поавторитативен“.
Истражувањето на Marquette Law Review, како што напиша Њујорк Тајмс, нашло дека Врховниот суд цитирал дефиниции од речници 295 пати во 225 мислења само во првите 10 години од веков.
За тоа консултирале 120 различни речници.
На пример, во 1995-та, судијата на Врховниот суд Кларенс Томас консултирал речници објавени во 1773-та, 1789-та и 1796 со цел да донесе мислење за тоа на што алудирале пишувачите на Уставот кога напишале „трговија“.
Сепак, некои работи помагаат. Судиите внимателно ги одбираат зборовите. Ноа Вебстер и други лексикографи, живи или мртви, помагаат во интерпретирање на законот.