Линкови за пристапност

Само во Америка: Предупредувачки етикети


Само во Америка: Предупредувачки етикети
Само во Америка: Предупредувачки етикети

Ако ги читате предупредувачките етикети на многу играчки, апарати за домаќинството и други направи што се продаваат во САД, мора да заклучите дека Американците немаат многу здрав разум. Производителите очигледно се загрижени што просечни луѓе ќе прават глупави работи со нивните производи, ќе се повредат, а потоа ќе ја обвинуваат нивната компанија.

Затоа ... ставаат предупредувачки етикети на се`. Пораката е варијација на „Многу си глупав-а. Затоа внимавај: Не го носи тостерот со тебе во када“.

Секоја година, организација наречена Michigan Lawsuit Abuse Watch избира „најоткачени“ предупредувачки етикети. Еве, некои од најдобрите, или подобро да кажеме – најлошите, што тие ги забележале во текот на годините.

На електрична дрводелска машина за дупчење: „Оваа дупчалка не е наменета за заби“.

На дрво произведо за огниште: „Внимание, ризик од оган“.

Или оваа, на медицински термометар: „Еднаш употребен ректално, термометарот не треба да се употребува орално“.

На конзерва со црн-пипер за самоодбрана: „Може да ги иритира очите“. Навистина?

На количка за бебиња: „Извадете го детето пред да ја склопите“.

На јадица за риболов: „Може да наштети ако се проголта“.

На кутија роденденски свеќички: „Немојте да ги користите како запушувачи за уши“.

На кујнски блендер што мати,сечка и меша: „Никогаш не вадете ја храната од сечилата додека производот работи“.

На пегла: „Никогаш не ги пеглајте алиштата кои се на вас или некој друг“.

На картонски заштитник од сонце што се става на предното стакло на автомобилот: „Не возете додека заштитникот е поставен на стаклото“.

На тонер за ласерски печатар: „Не јадете тонер“.

Еве уште еден добар, на пакетче за отров за глувци: „Предупредување: Најдено е дека предизвикува рак кај лабораториски глувци“. Како да сте мислеле да го јадете!

Има илјадници други примери. Како на пример занакот на поштенско камионче: „погледни пред да возиш“.

А, што мислите за ова, на кутија со чекани. Чекани! „Може да биде штетно ако се проголта“. Мислите дека е штетно да се проголта чекан?

Што мислите за ова, видено на железничка станица: „Бидете претпазливи. Допирањето на овие жици носи моментална смрт. Секој што ќе биде забележан тоа да го прави, ќе биде судски гонет“.

Така, ако имате шанса да дојдете во Америка, сметајте дека сте предупредени: Не јадете ништо! Не допирајте ништо!

XS
SM
MD
LG