Линкови за пристапност

Само во Америка: Тетовирано овошје


Само во Америка: Тетовирано овошје
Само во Америка: Тетовирано овошје

Има големи разлики како луѓето во САД гледаат на тетовирањето на телото, но сега дискусијата се проширува, зашто и американското овошје и зеленчук добива тетоважа.

Точно така, и артичоките, и слатките компири, и сливите.

Еве за што се работи. Порано продавачите се очекуваше да знаат кој вид јаболка продаваат и да ви ја наплатат коректната цена.

Потоа, продавниците претставија органско овошје и зеленчук, произведено без пестициди, и поскапо го наплатуваа. Но не секогаш продавачите можеа со сигурност да кажат дали се работи за органски производ или не, и – наплаќаа по поевтината цена. Проблемот мораше некако да се реши.

Потоа, дистрибутерите почнаа да ставаат лепенки во величина на нокт на секоја главица кромид и тиквичка. Налепниците содржеа многу информации: ова е мекинтош јаболко, се продава неделава, по толку пари ... Дури и кога продавачот мисли дека јаболкото е лубеница, скенерот ќе ја прочита налепницата и ќе биде во право.

Но, многу потрошувачи ги мразат тие лепенки. Се лепат, се разбира, но дури и на ножит кога го сечете плодот, на облека, на вашата мачката. Ако ја одлепите и кожата на праската оди со неа и веќе изгледа грдо.

И така се појавија тетовирани овошни и зеленчукови плодови. Со ласери се гори логото и кодот, на самата кора на доматот или поморанџата. Овие белези не можете да ги извадите. Исто како и лепенките, тие ги содржат сите информации потребни на касиерот, од каде се, колку чинат, па дури и колку калории содржат.

Сте виделе што инвентивни уметници прават со тетоважи на човечкото тело – простото „Ја сакам мама“ стана продукција со која би се гордеел Микеланџело. Може ли тоа да значи дека змејови кои дуваат оган втиснати со компјутерски бар-код наскоро ќе видиме на краставиците во локалната продавница?

XS
SM
MD
LG