Линкови за пристапност

Демократите официјално ќе ги номинираат Камла Харис и нејзиниот потпретседателски кандидат до 7 август


Потпретседателката Камала Харис во Индијанаполис, Индијана, 24 јули 2024 година
Потпретседателката Камала Харис во Индијанаполис, Индијана, 24 јули 2024 година

Одборот за правила на Демократската партија се согласи за планот за формално номинирање на Камала Харис за претседателски кандидат најрано на први август, пред партиската конвенција од 19 до 22 август во Чикаго, а Харис да избере кандидат за потпретседател до седум август.

Делегатите од целата земја ќе можат да гласаат за потенцијалниот претседателски кандидат за да го заменат претседателот Џо Бајден, кој се откажа од својата кандидатура за реизбор минатиот викенд.

Но, Харис е единствената демократка која јавно објави дека ја бара номинацијата, што значи дека речиси сигурно ќе биде одобрена во еден круг виртуелно гласање почнувајќи од 1 август - околу 18 дена пред отворањето на партиската конвенција во Чикаго.

Претседателот на Демократскиот национален комитет Џејм Харисон, се осврна на пресвртот во претседателската трка по повлекувањето на Бајден.

Доколку се квалификуваат повеќе кандидати, тоа би можело да предизвика повеќе кругови на гласање во текот на неколку дена.

Но, доколку Харис е единствениот кандидат, гласањето ќе започне на први август. Делегатите ќе добиваат гласачки ливчиња преку безбедна електронска пошта.

Процесот ќе биде дизајниран не само за формално да ја номинира Харис, туку на крајот да го стори истото и за нејзиниот потпретседателски избор пред 7 август - давајќи ѝ кратко време да избере кандидат.

Не е јасно кого би можела да избере.

Дел од информациите се од Ројтерс

XS
SM
MD
LG