Камала Харис засега е сама на кампањата за претседател. Меѓу можните кандидати да ѝ се приклучат на ливчето како потпретседателски кандидат се неколкумина гувернери - вклучително и Рој Купер од Северна Каролина, демократ кој победил два пати кога неговата сојузна држава го избрала републиканецот Доналд Трамп за претседател и Џош Шапиро од Пенсилванија, за која двете партии мислат дека е држава во која мора да победат во ноември.
Во групата е и астронаутот кој стана американски сенатор, Марк Кели од Аризона.
На само неколку недели до Демократската национална конвенција, тоа ќе биде интензивен процес.
„Опасноста од зарзан процес е што на некои работи може да не им е посветено доволно внимание. Може да се направат грешки што би се избегнале со побавен процес. Но таа нема избор. Таа мора ова да го направи брзо и да го направи како треба“, вели Вилијам Галстон од Институтот Брукингс.
Нема наука за тоа како да се направи исправно. Се работи за селектирање на некој што ќе привлече најголем број гласови, особено во шака одлучувачки држави кои најверојатно ќе бидат пресудни за исходот.
Мислам дека некој од средниот запад или дури од југот, би бил добар изборЏеј Чен, делeгат за Демократската конвенција.
Тоа може да значи фокусирање на географијата а не на личноста.
„Мислам дека некој од средниот запад или дури од југот, би бил добар избор. Енди Бешир, тој е гувернер од Кентаки. Мислам дека тој е добар избор. Сакаме да бидеме сигурни дека ќе го избалансираме ливчето кога имаме некој од Калифорнија“, вели Џеј Чен, делгат за Демократската конвенција.
Тој некој од Калифорнија е Камала Харис. И бидејќи политичките консидерации ја отфрлаат можноста кандидатите за претседател и за потпретседател да бидат од иста држава тоа значи дека гувернерот Гавин Нусом отпаѓа, и нашироко се очекува дека би бил претседателски кандидат на идни избори.
Како би било да има две жени на ливчето? Гречен Витмер е гувернерка на важна одлучувачка држава, Мичиген, но изгледа дека не е многу расположена да направи историја на тој начин.
„Нема да го напуштам Мичиген. Се гордеам што сум гувернерка на Мичиген. Постојано тоа го велам. Знам дека многумина се сомневаат во тоа зашто постојано ми е поставувано тоа прашање. Не одам никаде“, вели Гречен Витмер, гувернерка на Мичиген.
Популарноста како гувернер и успехот во Когресот не гарантираат дека лицето ќе биде хит како кандидат за потпретседател.
„Спремни ли се да блеснат на национална сцена? Тоа многу поразлично од кандидирање во сојузна држава или округ“, прашува Џоел К. Голдстин од Универзитетот „Ст. Луис“.
Вториот по ранг идеално би бил некој некој со кого гласачите би биле комотни, зашто, како што велат, оддалечен е од претседателската функција само со едно отчукување на срцето.