Дописникот на руската редакција на Гласот на Америка од Белата куќа, Михаило Комадовски, го интервјуираше Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност за најновите случувања околу прекинатиот Договор за испорака на украинско жито, за хуманитарниот аспект од Договор од кој зависат многу африкански држави и кои се најновите предизвици.
Глас на Америка: Русија се повлече од договорот за жито што е од витално значење за јужните земји во светот. Излегува дека две третини од африканските лидери не присуствуваат на самитот Русија - Африка во Санкт Петербург. Дали ова е неуспех на стратегијата на Путин за „вооружување со храна“, како што ја нарековте, а сега тоа се сврти против него?
КИРБИ: Не можам да зборувам во име на африканските лидери кои решиле да одат или да не одат, или што ги мотивирало. Мислам дека целиот свет, вклучително и африканските нации, сосема јасно го гледаат ефектот од одлуката на Русија да се повлече од Договорот за жито, да не го продолжи, и ефектот што тој ќе го има врз нивните економии, врз недостигот на храна на целиот Континент. Се надевам дека со оние лидери кои се појавија во Москва, Путин е искрен со нив. Се надевам дека ќе им каже „јас сум причината, зошто цените на храната се нестабилни. Јас сум причината зошто ќе имате повеќе проблеми со гладта и со пристапот до храна и жито во вашите земји.“ Се надевам дека тој е искрен со нив, затоа што, одговорна е само една страна за нестабилноста што ја гледаме и за фактот дека житото сега ќе биде многу потешко да излезе од Украина. Причина за тоа е Русија, и Путин.
Гласот на Америка: Русија, барем јавно, се обидуваше да го минимизира влијанието на раскинувањето на Договорот за жито. Како тој да не беше од хуманитарен карактер. Сега Путин им нуди на најмалку две до шест африкански земји бесплатно жито и се обидува да ја замени Украина како главен снабдувач со храна за африканските нации. Пред се, дали е можно тоа, и колку се неодговорни тие изјави од Путин?
КИРБИ: Сè што би кажал е дека тоа на прв поглед, изгледа како очајнички обид на Путин да го образложи влијанието од неговата одлука врз африканските нации да не го продолжи договорот за испорака на жито. Очигледно, секоја од овие суверени нации треба сам да одлучи дали оваа нова понуда на Путин е легитимна, и дали сакаат да ја прифатат. Последната одлука на Путин е непромислена и неодговорна.
Глас на Америка: Што се однесува до алтернативните начини за спроведување на Договорот за жито, покрај копнениот транспорт, дали САД и сојузниците размислуваат да испратат конвои за да ги придружуваат бродовите во Црното Море?
Нема активна дискусија за стационирање воени бродови во Црното Море. Мислам дека сите можеме да разбереме дека тоа само ќе ги ескалира тензиите и ќе ги зголеми шансите за конфликт меѓу Западот и Русија, а тоа не го бараме.Кирби, Совет за национална безбедност
КИРБИ: Не. Нема активна дискусија за стационирање воени бродови во Црното Море. Мислам дека разбираме дека тоа само ќе ги ескалира тензиите и ќе ги зголеми шансите за конфликт меѓу Западот и Русија, а тоа не го бараме. Она што го бараме е житото да излезе од Украина. Она што го бараме е договорот да се продолжи.
Гласот на Америка: На вчерашниот брифинг спомнавте дека обуката за Ф-16 за украинските пилоти ќе се одржи во Романија и Данска. Сепак, пред да започне обуката, САД треба да го одобрат трансферот на материјалите за наставната програма. Дали е одобрено тоа?
КИРБИ: Би ве упатил до Одделот за одбрана за одговор. Очигледно ја поддржуваме обуката на украинските пилоти за Ф-16. Претседателот Бајден одлучи за тоа пред многу месеци, на Г-7 во Хирошима. Нема дилеми дека Соединетите Држави ќе ги поддржат напорите на нашите сојузници да обучат украински пилоти. Но, за наставната програма би ве упатил за одговор во Одделот за одбрана.
Гласот на Америка: Москва користи ирански беспилотни летала за да стрела врз мети во украинските градови. Сега, и Боливија е заинтересирана да ја добие таа технологија од Иран за да ги заштити своите граници. Дали сметате дека е загрижувачки извозот на иранската технологија со беспилотни летала?
Ги повикуваме сите нации, без разлика каде се наоѓаат, без разлика на која хемисфера, внимателно да размислат пред да влезат во одбранбени аранжмани со нација како Иран.Кирби, Совет за национална безбедност
КИРБИ: Да. Ние сме загрижени за секој извоз на иранска технологија што може да биде дестабилизирачки и, како што знаете, воведовме многу санкции кон Иран. Некои од нив директно се поврзани со нивната поддршка за Русија при извозот на оваа технологија за беспилотни летала во Москва. Ги повикуваме сите нации, без разлика каде се наоѓаат, без разлика на која Хемисфера, внимателно да размислат пред да влезат во одбранбени аранжмани со нација како Иран.
Гласот на Америка: Некои американски медиуми објавија дека претседателот Бајден наредил да се префрлат доказите до Меѓународниот кривичен суд за да се истражат претпоставените воени злосторства на Русија во Украина. Можете ли да образложите повеќе околу тоа?
КИРБИ: Силно веруваме дека претседателот Бајден беше многу јасен дека сакаме да се увериме дека Русија соодветно ќе одговара за воените злосторства во Украина, дека руските сили и паравоените сили и приватните изведувачи како Групата Вагнер јасно ги злоставуваа граѓаните во Украина. Од самиот почеток бевме јасни дека ќе ѝ помогнеме на Украина. Имаат специјален пратеник кој собира докази. Ќе направиме се што можеме за да им помогнеме да ги соберат тие докази, да ги анализираат и да ги имаат за располагање за соодветните меѓународни механизми за утврдување одговорност, кога војната ќе заврши. А тоа ќе вклучува одредена координација и поддршка за работата на Меѓународниот кривичен суд.