Линкови за пристапност

Турција внимателна со барањето да продолжи патот на украинското жито низ Црното Море


Со предупредувањето на Москва за опасностите од продолжувањето на извозот на жито, Анкара е претпазлива да се вклучи
Со предупредувањето на Москва за опасностите од продолжувањето на извозот на жито, Анкара е претпазлива да се вклучи

Украина бара нејзиниот извоз на жито да продолжи да поминува низ Црното Море по повлекувањето на Русија од договорот. Аналитичарите велат дека за секој нов договор потребна е соработка со Турција. Но, после предупредувањата од Москва, Анкара е претпазлива во медијацијата. Известува Доријан Џонс.

Украина бара да продолжи извозот на нејзиното жито низ Црното Море
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:09 0:00

Последниот брод што превезува жито од украинското пристаниште на Црното Море поаѓа, откако Москва се повлече од договорот постигнат со посредство на Обединетите нации и Турција, кој гарантираше безбеден премин на бродовите од воената зона.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски сака да продолжи извозот на жито и ги повикува нациите да обезбедат сигурна и долгорочна одбрана на коридорот.

За тоа би била потребна поддршка од турската морнарица, која е втора зад Русија во Црното Море. Но, со предупредувањето на Москва за опасностите од продолжувањето на извозот на жито, Анкара е претпазлива да се вклучи.

Црното Море, иако затворено и мало подрачје, е едно од најопасните области во светот. Некој мора да ја отвори портата (кај) Кремљ. Ова треба да биде Турција
Месут Касин, Советник на турскиот претседател

„Руската поморска флота е многу моќна овде, се сеќавате на тоа, тие имаат многу борбени бродови, имаат повеќе од десет подморници. Ова ќе биде голема главоболка за НАТО, но и за безбедноста на Турција, а тоа ќе предизвика своевиден удар меѓу турско-руските односи“, вели Месут Касин, советник на турскиот претседател.

Доколку Анкара не понуди помош, другите членки на НАТО би можеле да сакаат да обезбедат продолжување на украинскиот извоз на жито што, според експертите, е од суштинско значење за да се спречи растот на цените на храната и гладот во некои делови од светот.

Но, Турција е чувар на Црното Море според меѓународната конвенција од Монтре, а некои аналитичари велат дека нема да биде подготвена да дозволи воените бродови на НАТО да се приближат до воената зона.

„Тие бродови би имале многу лесни цели и веројатно нивното присуство нема да го намали, туку ќе го зголеми ризикот од ескалација меѓу НАТО и Русија. И тоа е причината зошто, навистина, Турција им предложи на своите сојузници и на другите дека треба да ги преиспитаат своите планови за испраќање воени бродови во Црното Море“, смета универзитетскиот професор Серхат Гувенц.

Од руската целосна инвазија на Украина минатата година, Анкара го блокираше пристапот до Црното Море и на руските и на бродовите на НАТО.

Тоа е дел од, како што вели Турција, нејзиниот урамнотежен пристап, за кој турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган тврди дека му помогнал да посредува во договорот за жито на ОН меѓу Украина и Русија.

Црното Море, иако затворено и мало подрачје, е едно од најопасните области во светот. Некој мора да ја отвори портата (кај) Кремљ. Ова треба да биде Турција

Ердоган вели дека верува оти турската дипломатија повторно може да најде решение. Руските и турските министри за надворешни работи одржаа разговори.

„Црното Море, иако затворено и мало подрачје, е едно од најопасните области во светот. Некој мора да ја отвори портата (кај) Кремљ. Ова треба да биде Турција“, укажува советникот Касин.

Турција, како најголем светски извозник на брашно и меѓу најголемите извозници на тестенини, ќе загуби доколку не продолжи извозот на жито од Украина.

Со оглед на тоа што турските водни патишта веќе не се полни со бродови што превезуваат украинско жито, аналитичарите предвидуваат дека цените на храната ќе се зголемат, заедно со притисокот да се најде решение.

XS
SM
MD
LG