Линкови за пристапност

Украина има многу опции за контраофанзивата, рече Лојд Остин


Тие беа многу внимателни, ја чуваат работната сила и опремата, изјави секретарот за одбрана на САД
Тие беа многу внимателни, ја чуваат работната сила и опремата, изјави секретарот за одбрана на САД

Американските одбранбени претставници кои ја следат бавната контраофанзива на Украина против Русија сè уште не се подготвени да алармираат, и покрај тоа што нема голем пробив.

Имаше надеж дека приливот на американски и западни тенкови и оклопни возила, како и нови залихи на муниција, артилерија и ракетни системи може да им овозможат на силите на Киев да ги пробијат руските линии.

Сепак, говорејќи за време на посетата на Папуа Нова Гвинеја вчера, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин рече дека Украина сè уште има време.

„Тие сè уште имаат многу опции на располагање“, рече Остин на прес-конференција со премиерот на Папуа Нова Гвинеја Џејмс Марапе.

„Тие беа многу внимателни. Тие ја чуваат работната сила и опремата“, додаде тој.

„Мислам дека можете да очекувате тие да продолжат да притискаат“.

Украинските власти ја обвинија руската одбрана, особено минските полиња поставени од руските сили додека копаа во текот на зимата, за застој на нивниот напредок.

Високи американски воени претставници признаваат дека руските мински полиња се проблем.

Сепак, сегашни и поранешни функционери, како и некои аналитичари, изразија загриженост дека украинските команданти се вратиле на старите тактики од советски стил наместо да ги прифатат американските доктрини кои би можеле да го забрзаат напредокот на Киев.

Остин, сепак, предупреди дека некои од очекувањата за контраофанзивата на Украина можеби биле премногу оптимистички.

„Ние рековме дека ова ќе биде тешка борба и дека ова ќе биде долга борба“, рече тој.

Остин не ги коментираше деталите за контраофанзивата на Украина или медиумските извештаи кои ги цитираа американските официјални претставници дека контраофанзивата сега е во полн ек со дополнителни украински сили во борбата.

Сепак, тој се надева дека Украина може да забележи сè поголеми победи во наредните недели.

„Тие имаат голема борбена моќ“, рече Остин. „

Украина е добро обучена и добро подготвена да биде успешна“.

XS
SM
MD
LG