Линкови за пристапност

Работиме со Украина да најдеме други начини за извоз на жито, рече Кирби


Администрацијата на претседателот на САД Џо Бајден вели дека ќе стори „се` што можеме“ за да го вратиме дома Тревис Кинг, војникот кој премина во Северна Кореја претходно оваа недела „намерно и без овластување“.

Џон Кирби, директор за стратешки комуникации на Советот за национална безбедност, за Гласот на Америка изјави дека американските власти немале шанса да комуницираат со 23-годишниот војник.

Кирби, исто така, изрази загриженост за политичките судири во Конгресот кои го одложија донесувањето на Законот за овластување за национална одбрана, за загриженоста поради повлекувањето на Москва од договорот што дозволи пратките со жито да ги напуштат пристаништата во Црното Море, како и за континуираниот недостаток на директна комуникација меѓу војската на САД и Кина.

Интервјуто е уредено заради должина и јасност.

Глас на Америка: Дали има новости за состојбата на војникот Тревис Кинг, неговите мотиви, каде се наоѓа и дали има некаква комуникација од Пјонгјанг?Дали администрацијата е посветена да го врати дома дури и ако тоа е спротивно на неговата желба?

Кирби: Немаме ажурирања за Кинг. Продолжуваме да спроведуваме соодветни контакти со севернокорејската страна за да се обидеме да добиеме информации и увид за неговото место на живеење и неговата благосостојба, но едноставно не знаеме. И ние сме апсолутно посветени да работиме за да го вратиме кај неговото семејство. Не ја знаеме мотивацијата овде. Немавме можност да разговараме со него. Значи, не знаеме точно што мисли тој во моментов. Но, тој е американски војник. И ќе направиме се` што можеме за да се обидеме да откриеме каде е, како е и ќе работиме да го вратиме дома.

Гласот на Америка: Да продолжиме со Русија и договорот за жито. Дали администрацијата бара решенија за да ги извади овие основни резерви од пристаништето? Колку сериозно администрацијата ја сфаќа заканата од руското Министерство за одбрана дека ќе ги третира сите бродови во тоа пристаниште како да носат воена опрема?

Кирби: Мораме сериозно да ја сфатиме таа апсурдна закана. Работиме и ќе работиме со Украина и со нашите сојузници и партнери за да се обидеме да најдеме други начини да го извлечеме житото од Украина. Најверојатно ќе мора да помине низ копнени правци. Го направивме ова и порано [кога] договорот за жито беше на сила. Тоа не е толку ефикасно; не можете да извадите толку многу жито на тој начин. Ние го разбираме тоа. Но, ние ќе продолжиме да се обидуваме. Видете, она што треба да се случи овде е, настрана од тоа што Русија треба да ја прекине својата блокада и, не правете грешка, она што тие се закануваат дека ќе го направат е воена блокада што е воен чин, па освен тоа што едноставно не го прават тоа - тие треба да се вратат во договорот. Договорот беше добар за сите, вклучувајќи ги и руските земјоделци. Но, тоа беше навистина добро за земјите во развој кои имаат проблеми со недостигот на храна, кои само ќе бидат влошени од ова низ глобалниот југ, Азија, Африка и Латинска Америка.

Гласот на Америка: Да преминеме на рускиот претседател Владимир Путин и началникот на платениците на Вагнер, Евгениј Пригожин. Како прво, Кремљ соопшти дека Путин нема да оди во Јужна Африка, што му овозможува да избегне апсење. Дали САД сè уште ги охрабруваат потписниците на Меѓународниот кривичен суд да го уапсат доколку имаат можност?

Кирби: Ќе им дозволам на јужноафриканските лидери сами да зборуваат. Сметаме дека е важно сите одговорни за злосторствата и воените злосторства во Украина да одговараат, а тоа ги вклучува и руските лидери кои се одговорни за напорите на нивните трупи на теренот во Украина.

Гласот на Америка: Видовме како Пригожин повторно се појавува и вели - наводно - дека војниците на Вагнер не се подготвени да се борат во Украина. Што мислите? Кои се импликациите?

Кирби: Премногу е тешко да се знае сега точно колку сериозно треба да го сфатиме ова или какви ќе бидат влијанијата на бојното поле. Ќе ви кажам дека силите на Вагнер - не сме ги виделе како се борат во Украина откако г-дин Пригожин се обиде да го собори Министерството за одбрана. Не е јасно колку точно има во Украина, но не видовме дека тие придонесуваат многу за борбите во Украина. Значи, прерано е да се знае.

XS
SM
MD
LG