Линкови за пристапност

Контраофанзивата на Украина не е во ќор-сокак, вели Кирби


Повеќе од 43 милијарди долари американска воена помош е обезбедена од почетокот на инвазијата на Русија во февруари 2022 година
Повеќе од 43 милијарди долари американска воена помош е обезбедена од почетокот на инвазијата на Русија во февруари 2022 година

Контраофанзивата на Украина „не е во ќор-сокак“ дури и ако не напредува доволно брзо, изјави за новинарите денес портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

Кирби го изјави ова кога беше прашан за темпото на контраофанзивата на Украина на брифинг со новинарите.

„Самиот претседател Зеленски рече дека не напредува толку брзо како што би сакал и дека не се движат толку далеку секој ден колку што би сакале. САД нема да заземат став за тоа“, рече Кирби.

Тој додаде: „Така што тие се движат, тоа не е ќор-сокак. Тие не се само замрзнати. Украинците се движат“.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа рече дека Вашингтон „ќе се погрижи тие (Украинците) да ги имаат видовите на алатки и способности што им се потребни за да останат во движење“.

Повеќе од 43 милијарди долари американска воена помош е обезбедена од почетокот на инвазијата на Русија во февруари 2022 година.

Одделот за одбрана на САД објави 400 милиони долари дополнителна безбедносна помош за Украина претходно оваа недела, вклучувајќи проектили за противвоздушна одбрана, оклопни возила и мали беспилотни летала.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во неделата рече дека иако Украина повторно зазеде половина од територијата што Русија првично ја зазеде при нејзината инвазија, контраофанзивата е во раните денови и ќе се оформи во текот на „неколку месеци“.

XS
SM
MD
LG