Првиот чекор со цел да се унапредат целите за одржлив развој во Западен Балкан ја поттикнува транснационалната соработка меѓу земјите во регионот. Заедничките цели може да ги усогласи различните законодавства и поефикасно да го вклучи граѓанското општество, се вели во препораките од австриското друштво за европска политика (Österreichische Gesellschaft für Europapolitik, ОГФЕ), невладина и непартиска платформа во истражувањето за одржливоста на Западен Балкан.
Според ОГФЕ, транснационалната мрежа на обновливи извори на енергија треба да се гледа како безбедносна инфраструктура ѝ е од витално значење за независноста и автономијата на целиот регион.
Понатаму, се коментира, дека дури и доколку инвестициите на терен се одложени поради пандемијата со Ковид-19 и војната во Украина, земјите од Западен Балкан треба да изградат прекугранични Интер -конектори за да создадат кохерентна енергетска мрежа.
Повеќе, детали од истражувањето: https://www.oegfe.at/wp-content/uploads/2023/03/PB-052023.pdf
Проценката на Европската комисија отсликува потреба од поголема контрола, затоа што има тенденции да се потпира на финансирање на дефицитот во сите земји од Западен Балкан, а во некои случаи, како во Косово и Северна Македонија има сомнителна инвестициска стратегија, наведува истражувањето.
Се препорачува јавните ресурси да се поврзат со приватни фондови за кои би било потребно соодветно владеење на правото и економско опкружување за целосно искористување на нивниот потенцијал.
Некои студии сугерираат користење на иновативни финансиски механизми, како што се еколошки, социјални, обврзници поврзани со управување, одржливост и инвестиции во полето на климатските промени.
Земјите како Србија веќе почнаа да го користат овој вид инструмент, а официјален Белград ја издаде својата прва „зелена“ обврзница во вредност од 1 милијарда американски долари во септември 2021 година. Највисоката стапка на растеж има во 2018 година ѝ е забележана во Косово (58,6%), но со оглед на тоа што ова е единствената достапна година, не е можно вистински да се процени овој развој со текот на времето.
Најдобри резултати имаше Србија (од 41% во 2015 година на 29,8% во 2020 година), Северна Македонија (од 41,2% во 2015 година на 32,6% во 2020 година), Црна Гора (од 43,8% во 2015 година на 37,8% во 2020 година) и Албанија (во 2020 година) 58,5% во 2017 година на 46,2% во 2020 година).
Тоа, значи, дека Западен Балкан имал просечен показател за ризик од сиромаштија од 40,6% во 2019 година, според тоа двојно повеќе од просекот на ЕУ од 20,9%, иако за 3,9% помалку од 2010 година. Во периодот 2009-2019 година, стапката на смртност на доенчиња во земјите - кандидати и потенцијални кандидати за ЕУ беше повисока од онаа во ЕУ, но денес постои силна посветеност од сите земји за намалување на смртноста до 12 на 1.000 новородени или помалку. Една од најдобрите практики во оваа смисла е во Црна Гора, која успешно ја намали стапката на смртност повеќе од половина во 2015-та, паѓајќи под просекот на ЕУ и останувајќи на тоа ниво до крајот на периодот.
И покрај важните флуктуации, сите земји забележаа брз пад на стапката на смртност меѓу доенчиња меѓу 2009-та и 2020-та, година. Најсилното намалување е забележано во Северна Македонија, каде стапката од 5,7 смртни случаи на 1.000 новороденчиња во 2020 година изнесува 19.
И во Албанија има значително намалување за 3 поени регистрирано до 2015 година (од 10,3 смртни случаи на 1.000 новородени на 7,1), проследено со брз пораст до 2020 година (со 10 смртни случаи на 1.000 живородени).
Стапката на Косово - за која недостасуваат податоци за 2013, 2014 и 2020 година - флуктуираше со текот на времето, а во 2019 година беше 8,7, само нешто пониска од 9,9 забележана десет години порано. Во овој контекст, треба да се спомене дека податоците за Босна и Херцеговина се достапни само за 2009 година (6,5), 2010 година (6,4) и 2012 година (5,4). Севкупно, со исклучување на Босна и Херцеговина, просечната стапка на смртност на новородените деца за Западен Балкан во 2019 година беше 6,8 смртни случаи на 1.000 новородени деца, во споредба со 3,4 регистрирани за членките на ЕУ.
Друга клучна област за проценка на напредокот кон одржливост се однесува на удвојување на глобалната стапка на подобрување на енергетскиот интензитет.
Во овој сектор, главниот дел за соработката меѓу ЕУ и Западен Балкан се врти околу Договорот за енергетска заедница кој поставува неколку заеднички цели помеѓу Европската комисија и Секретаријатот на Енергетската заедница. Заедно со другите, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и ЕУ се дел од Договорот за енергетска заедница.
Меѓународна организација предвидува создавање на заедничко „енергетско спојување“ меѓу овие земји и ЕУ.
Меѓу целите на оваа соработка, покрај воспоставувањето заеднички пазар, се внимава и на економично користење на енергијата.
Сите земји од Западен Балкан ја подобриле својата енергетска ефикасност од 2009 до 2020 година, со најсилни перформанси регистрирани во Косово, Северна Македонија и Србија.
Црна Гора, исто така, покажа одредено подобрување, иако недостасуваат податоци за 2020 година. И на крај, Босна и Херцеговина доживеа влошување на енергетските перформанси од 2014 до 2020 година.
Само за споредба, енергетскиот интензитет во ЕУ постепено падна од 2009 до 2020-та, достигнувајќи 116 килограми еквивалент на нафта на 1000 евра од БДП во 2020 година.
Затоа, и покрај придобивките од ефикасноста, количината на енергија потребна за производство на единица од БДП остана значително повисок во земјите - кандидати и потенцијални кандидати отколку во ЕУ. Стапките на енергетскиот интензитет беа генерално 2 до 4 пати повисоки отколку за ЕУ во 2020 година.
Фундаменталната цел за движење кон чиста и достапна енергија неодамна беше реафирмирана преку започнувањето на „Зелената агенда“ за Западен Балкан, заснована на Зелениот договор на ЕУ, кој владите од регионот ветија дека ќе го спроведат со цел да се спротивстават на климатските промени и да се поттикнат еколошката транзиција.
Овие цели добиваат на поголема итност со оглед на однесувањето на Русија и војната во Украина.
Австриското друштво за европска политика (Österreichische Gesellschaft für Europapolitik, ÖGfE) е невладина и непартиска платформа.
Главен фокус е на евроинтеграциите и заложбите за отворен дијалог за актуелните прашања од европската политика.
ОГФЕ има долгогодишно искуство во промовирање на европската дебата и делува како катализатор за ширење информации за европските прашања.