Линкови за пристапност

„Ѓаволот е во деталите“ – што содржи новиот договор меѓу Србија и Косово?


Планот вклучува чекори за приближување и решавање на некои прашања како што се взаемно признавање на соодветните документи и национални симболи, вклучувајќи пасоши, дипломи, регистарски таблички и царински марки.
Планот вклучува чекори за приближување и решавање на некои прашања како што се взаемно признавање на соодветните документи и национални симболи, вклучувајќи пасоши, дипломи, регистарски таблички и царински марки.

Косово и Србија се согласија да го поддржат предложениот план на Европската унија за нормализирање на односите, но поради постојаните разлики во врска со неговата имплементација, не го потпишаа, пренесоа редакциите на албански и српски јазик при Гласот на Америка.

Планот беше претставен за прв пат јавно во понеделникот навечер во Брисел.

https://www.eeas.europa.eu/eeas/belgrade-pristina-dialogue-eu-proposal-agreement-path-normalisation-between-kosovo-and-serbia_en

Планот вклучува чекори за приближување и решавање на некои прашања како што се взаемно признавање на соодветните документи и национални симболи, вклучувајќи пасоши, дипломи, регистарски таблички и царински марки. Исто така, предвидува дека Србија „нема да се спротивстави на членството на Косово во која било меѓународна организација“.

Документот, сепак, не повикува на признавање на Србија за државноста на Косово.

Амарикански експерти коментираат за новиот план.
Амарикански експерти коментираат за новиот план.

Разговорите меѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, беа одржани под покровителство на Европската унија.

Првиот човек за надворешната политика, Борел, им рече на новинарите по состанокот дека „е постигнат напредок“.

„Во исто време, потребна е поголема работа за да се осигури дека она што го прифатија денес страните, ќе биде имплементирано“, рече тој.

Дали договорот е значајно достигнување и натаму е нејасно, но некои аналитичари имаат оптимистички став.

„Мислам дека може да се каже самоуверено дека и покрај отсуството на потпис, чашата е од половина полна. Јас би рекол дека е полна, со три четвртини “, рече Чарлс Купчан од Советот за надворешни односи. „Чувствувам дека двете страни поминаа низ некаква важна точка за политичка наклонетост. Тие се упатуваат кон финишот “, рече тој.

„Крајна точка, или финишот“, според Купчан, „е Србија да го признае Косово“.

„Мислам дека може да се каже дека тоа формално признание е крајната точка на овој процес“, рече Купчан, додавајќи дека документот „навистина овозможува како ќе се спроведува од првата фаза и како ќе се одвива“.

Поранешниот американски амбасадор во Косово Грег Делави за Гласот на Америка рече дека едноставниот факт за евентуелен договор меѓу Косово и Србија, е добра вест.

„Секоја средба на која водачите на Косово и Србија се третираат како еднакви, е позитивен чекор, заклучи тој.

Ѓаволот е во деталите

Но, има прашања за тоа колку далеку оди предлогот.

Главниот проблем за создавање на Здружение на мнозинство српски општини на Косово не е експлицитно споменато во планот и пристапот кон него од страна на Косово и Србија може да ја утврди брзината на процесот на нормализација.

Ваквото здружение, прво предложено во 2013 година, ќе им овозможи на заедниците во Косово каде етничките Срби се во мнозинство, за колективно управување со вакви работи како што се економскиот развој, образованието, здравјето, урбаното и руралното планирање во нивните области.

Србија ја смета како важна заштитата за косовските Срби, но владата на Косово се грижи дека тоа би било неправилно кршење на прерогативите на мултиетничка независна држава.

„Ѓаволот е во деталите, и не ги знаеме деталите“, рече Купчан. „Знаеме дека Здружението е дел од договорот и тоа е парче од сложувалката што беше ставена во функција пред извесно време“.

Во вторникот, американскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, рече дека Вашингтон ги поддржува договорите утврдени во Брисел.

„Но, иако беше важен чекор, напорната работа што се однесува со анексот за спроведување сè уште останува и ние сè уште сакаме да видиме две страни да напредуваат на забрзана основа“, рече Ескобар, осврнувајќи се на следниот чекор на преговорите.

Борел го нарече, тој чекор, „интегрален дел“ за завршување на договорот.

„Сè уште имаме долг пат, пред да имаме конечен договор“, рече Дејвид Канин, професор по меѓународни односи на Универзитетот Џонс Хопкинс и поранешен аналитичар на ЦИА, додавајќи дека договорот во понеделникот на предложениот план „е едноставно договор во обид, да се постигне договор“.

За премиерот на Косово, Курти, кој рече дека е подготвен да го потпише документот, се чини дека е самиот план што го отвори ЕУ.

Но, српскиот претседател Вучиќ избра да се фокусира на аспектот на имплементација. Тој рече дека инсистирал, за време на состанокот, за создавање на Здружението на општини на Срби, за кое било нагласено во претходните договори.

Според европскиот план, двете страни ја потврдуваат својата обврска за спроведување на сите договори од минатото.

„Не мислам дека Курти беше подготвен да го прифати тоа“, рече Вучиќ. „Дали ќе биде можно во иднина, ќе видиме“, рече тој.

Даниел Сервер од Универзитетот Џонс Хопкинс изјави за Гласот на Америка дека иако на Курти не му се допаѓа идејата за спроведување на Здружението на општините на Срби, тој посочи дека тоа ќе го спроведе под друго термин.

„Под услов Србија да го признае Косово и да воспоставува целосни дипломатски односи, мислам дека Курти е во право кога верува дека спроведувањето на идејата за Здружението на српски заедници пред признавањето е закана за суверенитетот на Косово и територијалниот интегритет, рече тој.

Ескобар рече дека овој конкретен договор е за нормализација, а не за признавање на независноста. И додека САД го поддржуваат овој договор, сепак, сите земји од регионот треба „да се препознаат едни со други, и да имаат целосни и позитивни меѓусебни односи.

Влијанието од Русија

Обновениот дипломатски притисок за конечен договор меѓу поранешните лути непријатели доаѓа во време на агресијата на Русија против Украина.

„Се надевам, а ѝ нашите очекувања се многу големи за овој договор“, рече Ескобар. „Мислам дека она што е ново не е само сериозноста на двете влади, туку сериозноста на нашите европски партнери да го направат ова во сенката на една од најголемите кризи што Европа ги видела уште од Втората светска војна“, рече вишиот претставник од Стејт департментот.

Русија застана зад Србија и не го призна Косово, кое прогласи независност во 2008 година, а Западот сака да ја привлече Србија кон себе, која е единствената земја од регионот која се стреми кон членството во ЕУ, а не воведе санкции врз Москва.

„Инвазијата на Русија врз Украина го забрза ангажманот на САД и ЕУ во регионот“, рече Купчан.

„Колку повеќе може да се направи за да се решат невралгичните точки на Балканот, толку е потешко за Русија да влијае врз регионот“, вели овој американски аналитичар.

XS
SM
MD
LG