Линкови за пристапност

Скопски економски форум со политичкиот и економскиот врв од речиси цел Западен Балкан


Домаќинот на собирот - Северна Македонија, повикувајќи се на сопственото искуство апелира на решавање на сите проблеми по дипломатски пат како единствен начин за регионот да се интегрира во ЕУ.
Домаќинот на собирот - Северна Македонија, повикувајќи се на сопственото искуство апелира на решавање на сите проблеми по дипломатски пат како единствен начин за регионот да се интегрира во ЕУ.

Политиката, регионалните прашања и ефектите од руската агресија врз Украина доминираа на годинешниот Скопски економски форум на кој се собра политичкиот и економскиот врв од речиси цел Западен Балкан. Прашањето кое доби најголемо внимание, особено по завчерашната рунда преговори во Брисел и објавувањето на европскиот предлог-документ, беше она за нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина. „Ние го прифаќаме понуденото“, изјави во Скопје косовскиот премиер Курти.

Пораки од економскиот форум во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:00 0:00

„Нормализација на односите може да се направи преку взаемно признавање, како главен дел од процесот. Ова беше кажано од претседателот Бајден, секретарот Блинкен, канцеларот Шулц - дека взаемното признавање е суштината и централната точка на целосната нормализацијата на односите. Се обидуваме и работиме напорно да го имаме како основ предлогот на ЕУ кој што ни беше претставен и на мене и на претседателот на Србија. Ние го прифативме текстот на тој предлог, му дадовме поддршка во двата главни града како и во Брисел.“, изјави Албин Курти, премиер на Косово.

Подгорица дава целосна поддршка на процесот – „Ова е клучното прашање за регионот“, порача премиерот на Црна Гора.

Иднината на Западен Балкан, како што јас ја гледам, е оптимистичка, но за тоа се потребни лидери кои се подготвени да носат тешки одлуки.
Абазовиќ, премиер на Црна Гора

„Иднината на Западен Балкан, како што јас ја гледам, е оптимистичка, но за тоа се потребни лидери кои се подготвени да носат тешки одлуки. Ги охрабрувам, пред се, премиерот на Косово Курти и претседателот на Србија, Вучиќ, да најдат заедничко решение за нивниот проблем. Тоа е најважната работа за сите нас во регионот. “, оцени Дритан Абазовиќ, премиер на Црна Гора.

Домаќинот на собирот - Северна Македонија, повикувајќи се на сопственото искуство апелира на решавање на сите проблеми по дипломатски пат како единствен начин за регионот да се интегрира во ЕУ.

Досега сум кажал, но пак ќе истакнам, веќе не е прашање дали Западен Балкан ќе стане дел од ЕУ, туку кога ќе стане дел од ЕУ.
Ковачевски, премиер на Северна Македонија

„Ние сме земја која отворените прашања на билатерално, регионално или меѓународно ниво ги решаваме по дипломатски пат, а не насилно. Затоа, за нас е несфатлива и неприфатлива воената агресија на Русија врз Украина, акт со кој се кршат сите меѓународни норми и правила, пренесени во меѓународните договори. Северна Македонија цврсто чекори кон ЕУ. Досега сум кажал, но пак ќе истакнам, веќе не е прашање дали Западен Балкан ќе стане дел од ЕУ, туку кога ќе стане дел од ЕУ“, истакна Димитар Ковачевски, премиер на Северна Македонија.

Пораката од Брисел е дека Западен Балкан може да смета на поддршка од Унијата во секоја сфера.

„Можете да сметате на нашата посветеност и поддршка за Западен Балкан. Работиме напорно да му помогнеме на регионот со нови можности за бизниси и граѓани и да го исполниме ветувањето за Западен Балкан да влезе во ЕУ.“, истакна Оливер Вархеји, еврокомесар за проширување на ЕУ.

Наредната средба меѓу Вучиќ и Курти е најавена за нешто повеќе од две седмици и тоа во Скопје. Објаснувањето на косовскиот премиер за овој потег е дека тоа се должи на напредокот на земјава во демократијата, правото и европската интеграција но има и, како што рече Курти, симболика зашто токму во земјава во 1999 година се потпиша договорот со кој се стави крај на воениот судир и се овозможи влез на НАТО силите на Косово.

XS
SM
MD
LG