Линкови за пристапност

ЕУ предложи нови санкции за Русија


Европската унија предложи нов сет санкции против Москва, додека министрите за одбрана на НАТО во Брисел разговараат за зајакнување на трошоците за одбрана и производството на оружје, бидејќи ветуваат тековна поддршка за украинските сили.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека пакетот санкции вклучува забрана за извоз на индустриски стоки и технолошки производи во Русија, велејќи дека мерките ќе им ги ускратат на руските сили потребните компоненти за нивните системи за оружје. Предлогот, исто така, вклучува санкции против Корпусот на Револуционерната гарда на Иран како одговор на снабдувањето со беспилотни летала Шахед што руските сили ги користеа за напади врз украинските инфраструктурни локации.

Другите санкции се насочени кон руските пропагандисти и воени команданти. Фон дер Лајен рече дека рускиот претседател Путин „води војна на јавниот простор со армија пропагандисти и мрежи за дезинформација“ и дека тие „шират токсични лаги за да ги поларизираат нашите општества“.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на почетокот на вториот од дводневните министерски разговори за одбрана рече дека сојузниците ќе ги испитаат начините за зајакнување на одбранбениот индустриски капацитет.

Столтенберг ја нагласи потребата да ѝ се обезбеди на Украина повеќе муниција за нејзината борба против руските сили, и побара сојузниците да ги завршат ветените испораки на тенкови и друга тешка опрема.

Канцеларијата за хуманитарни прашања на ОН и Агенцијата за бегалци на ОН упатија заеднички апел за 5,6 милијарди долари за помош на погодените од руската инвазија на Украина. Агенциите рекоа дека средствата се потребни за да се обезбеди храна, здравствена заштита и друга помош за оние во Украина, како и за помош на украинските бегалци и 10 земји – домаќини, кои прифатија бегалци.

XS
SM
MD
LG