Глобалната борба за демократија се приближи до можнa пресвртница во 2022, a јазот меѓу бројот на земји кои регистрирале севкупни подобрувања во политичките
права и граѓански слободи и оние што регистрирале назадување е најмал во изминативе 17 години, се вели во најновиот извештај на „Фридом хаус“ за слободата во светот минатата година.
„Најсериозни назадувања на слободата и демократијата беа резултат на војна, државни удари и напади врз демократските институции од нелиберални функционери. Авторитарниот режим во Русија започна целосна инвазија на Украина во обид да го поништи тешко стекнатиот демократски напредок на таа земја“, се вели во извештајот.
Во него се регистрирани државни удари и други обиди за поткопување на владата, што ги дестабилизираа Буркина Фасо, Тунис, Перу и Бразил, а тековната репресија
продолжила да ги намалува основните слободи во Гвинеја и да ги ограничува
оние во средини како Турција, Мјанмар и Тајланд.
„Авганистанскиот талибански режим им забрани на девојките да добиваат образование во средината на тековните економска и хуманитарна криза“, пишува во извештајот.
Вкупно 34 земји покажале подобрувања во политичките права и граѓански слободи, во споредба со 35 кај кои има опаѓање.
„Укинување на ограничувањата поврзани со пандемијата што несразмерно влијае врз слободата на собир и слободата на движење, исто така, предизвика позитивни промени“.
„Фридом хаус“ вели дека покрај овие подобрувања, годината донела свежи докази за ограничување на авторитарната моќ.
„Украинците, со материјална поддршка од многу демократски држави, победија
огромна руска армија. Во Кина, владејачката Комунистичка партија е проблематична, а политизираните политики за ковид-19 беа нагло отфрлени на јавните протести“.
Според извештајот, во 2022 година, слободата на медиумите била под притисок во најмалку 157 земји и територии. Слободата на лично изразување, исто така, страдала во текот на годините во услови на поголемо
нарушување на приватноста, вознемирување, заплашување и самоцензурирање онлајн и офлајн.
„Повеќе и повеќе земји останаа делумно слободни наместо да се движат
кон целосна демократизација“, нотира „Фридом хаус“.
Сепак, извештајот потенцира, дека светот е значително послободен денес отколку пред 50 години.
Во 1973 година, 44 од 148 земји биле оценети како слободни. Денес, 84 од 195 земји имаат го имаат тој статус. Многу силни демократии издржаа сериозни политички, социјални и економски притисоци.
„Тековните протести против репресијата во Иран, Куба, Кина и во други авторитарни земји сугерираат дека желбата на луѓето за слободата е трајна и дека не треба да се смета никакво назадување како трајно“.
„Фридом хаус“ вели дека меѓународната солидарност на демократските општества,
посветеноста на заедничките вредности и континуираната поддршка на бранителите на човековите права се клучни за да се осигура дека следните
50 години го доближуваат светот до состојба на слобода за сите.