Скалата за оценување е од 1.0 до 7.0, а демократијата во земјите се оценува во седум категории.
Северна Македонија бележи напредок во две од нив, национално демократско владеење и изборен процес. Највисоки оценки има за граѓанското општество, а најниски за независноста на правосудниот систем и за корупцијата.
Централно - левичарската Влада на премиерот Зоран Заев поправи дел од институционалните штети предизвикани од претходната десничарско – популистичка властИзвештај „Држави во транзиција 2021“
„Централно - левичарската Влада на премиерот Зоран Заев поправи дел од институционалните штети предизвикани од претходната десничарско – популистичка власт, и се уште има шанса да ги исполни придобивките од демократијата. Успешна приказна е особено потребна на Балканот каде демократските придобивки беа уназадени во повеќето земји“ се наведува во извештајот на „Фридом хаус“.
Од регионот Северна Македонија има иста оценка со Црна Гора. Подобро е рангирана од Косово (3.14), Босна и Херцеговина (3.36) и Албанија (3.75). Полошо од Србија (3.89) и Хрватска (4.25).
Сите земји од регионот со исклучок на Хрватска остануваат во категоријата транзициски / „хибриден режим“.
„Нации во транзиција“ ги анализира демократските процеси во Источна Европа и поранешниот Советски Сојуз.
Најдобро рангирани држави се Естонија, Латвија, Литванија, Словенија, Чешка и Словачка кои се карактеризирани како „консолидирани демократии“, со оценки повисоки од 5.
Најлошо рангирани се Туркменистан, Азербејџан, Узбекистан, Таџекистан И Казахстан со оценки пониски од 2.
Бугарско националистичко однесување при блокирањето на пристапните преговори на Северна Македонија за Европската УнијаИзвештај „Држави во транзиција 2021“
Во извештајот се наведува дека често се случува политичарите да користат опасна реторика заради политичка корист, а како пример се посочува и „бугарското националистичко однесување при блокирањето на пристапните преговори на Северна Македонија за Европската Унија“.
„Фридом хаус“ наведува дека демократските процеси имаат назаден тренд во повеќето анализирани земји.
„Нападите на демократските институции се шират побрзо од кога било во Европа и во Евроазија и стануваат предизвик за самата демократија“ стои во извештајот.
„Фридом хаус“ го анализира функционирањето на избраните државни институции (национално и локално ниво), на неизбраните државни институции (правосудство и антикорупција), како и на неизбраните недржавни институции (граѓанско општество и медиуми) кои според креаторите на извештајот се неопходни за здрава и функционална демократија.