Линкови за пристапност

Кина, Русија и Турција се меѓу првите во светот според репресија на граѓаните, забележува „Фридом хаус“


Најмалку 608 случаи на директна репресија биле регистрирани од 2014 година, вклучувајќи убиства, киднапирања, притворање и незаконски депортации

Активисти за човекови права, дисиденти и нивни семејства, се се соочуваат со насилство и притисок од страна на авторитарните режими, се вели во најновиот извештај на „Фридом хаус“, кој открива бројни детали за интернационална репресија.

Согласно извештајот, убиството на колумнистот на Вашингтон пост Џемал Кашоги во Турција, веројатно е најзлогласениот случај на интернационална репресија, но, и многу други инциденти кои не добија медиумско внимание.

Извештајот регистрира најмалку 608 случаи на директна, физичка интернационална репресија од 2014 година, вклучувајќи убиства, киднапирања, притворање и незаконски депортации.

Најмалку 31 сојузни држави на секој населен континент имале вакви акции против жртви во 79 држави. Тука се вклучени и САД, Обединетото Кралство и други демократии.

Околу 3,5 милиони луѓе биле афектирани или преку директни напади, или преку секундарни тактики на закана и притисок.

„Овие напади ја истакнуваат опасноста со која луѓето се соочуваат дури и кога ќе избегаат од репресија“, вели претседателот на „Фридом хаус“ Мајкл Абрамовиц, велејќи дека стопирањето на репресијата е од витално значење за заштита на демократијата и отфрлање на авторитарното влијание.

Нејт Шенкан, директор за истражување и стратегија во „Фридом хаус“, вели дека треба да се истражат начините на кои државите ги злоупотребуваат системите за миграција и азил, со цел да ги таргетираат оние што избегале.

Според извештајот, шест држави се водечки во практикување интернационална репресија, меѓу кои Кина, Руанда, Саудиска Арабија, Иран, Русија и Турција.

Овие држави, се вели во извештајот, се издвојуваат поради нивото на насилство и тактиките кои ги применуваат, таргетирајќи борци за човекови права, етнички и религиозни малцинства, поранешни членови на Кинеската комунистичка партија, лица блиски до Кремљ, и други лица, кои се цел на сериозни форми на репресија.

Истражувањето потенцира дека репресијата во овие авторитарни држави се шири и надвор од нивните граници.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG