Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, на панел за Западен Балкан во Вашингтон, истакна дека процесот на проширување на ЕУ мора да зависи од тоа како државите владеат дома.
„Треба да бидеме во можност да се споредиме со најдобрите. Не е доволно да се прави споредба меѓу Северна Македонија, Србија и Албанија. Треба да можеме да се споредуваме со Бугарија во однос на тоа како се бориме против корупцијата и во однос на тоа колку се слободни медиумите. Ова ќе помогне бидејќи ќе стане потешко за некои земји-членки да блокираат за прашања ако на некој начин го прават истото во нивните држави“, рече Димитров.
Тој, за Гласот на Америка, изјави дека е корисно да има лупа од САД за борбата против корупцијата во регионот.
„Ескобар спомна дека е корисно да се знае кои луѓе се вклучени во корупција, и дури рече дека ја охрабруваме ЕУ да го следи нашиот пример со американските санкции. Тоа може да направи разлика ако стигнат такви сигнали од Америка. Кон компании, индивидуалци и така натаму. Тоа ќе помогне во битката наша, ама битката е наша“, рече Димитров.
Facebook Forum