Линкови за пристапност

Над 50 отсто Американци сметаат дека медиумите дезинформираат или форсираат нечија агенда, според Галуп и Најт


Половина од Американците во едно неодамнешно истражување изјавиле дека веруваат дека националните новински организации имаат намера да ја доведат во заблуда, дезинформираат или ја убедуваат јавноста да усвои одредена гледна точка преку нивното известување, објави Асошиејтед Прес.

Според АП, истражувањето, објавено од Галуп и Фондацијата Најт, покажа ниско ниво на доверба во медиумите до запрепастувачка точка, при што многумина веруваат дека медиумите има намера да ја мамат јавноста. На прашањето дали се согласуваат со изјавата дека националните новински организации немаат намера да доведат во заблуда, 50 отсто одговориле дека не се согласуваат.

52% не се согласуваат дека дистрибутерите на националните вести „се грижат за најдобрите интереси на нивните читатели, гледачи и слушатели“.
Истражување на Галуп и Најт

Само 25% одговориле потврдно, покажа студијата. Слично на тоа, 52% не се согласуваат со изјавата дека дистрибутерите на националните вести „се грижат за најдобрите интереси на нивните читатели, гледачи и слушатели“, покажа студијата. Понатаму се дека само 23 отсто од испитаниците веруваат дека новинарите дејствуваат во најдобар интерес на јавноста. „Тоа беше прилично впечатливо за нас“, рече Сара Фиорони, консултант за Галуп. „Наодите покажаа длабочина на недоверба и лошо чувство кон основните постулати на новинарството“, рече таа.

Новинарите треба да го надминат нагласувањето на транспарентноста и точноста за да го покажат влијанието на нивното известување врз јавноста, се додава во студијата.

„Се чини дека Американците не мислат дека националните новински организации се грижат за севкупното влијание на нивното известување врз општеството“, рече Џон Сендс, виш директор за медиуми и демократија на Најт.

Американците имаа поголема доверба во локалните вести.

Преоптоварувањето со информации има спротивен ефект.

Истражувањето укажува дека 61% од Американците веруваат дека преплавување од многу можности за информирање отежнува да се остане добро информиран, додека 37% рекле дека е полесно.

Како и со многу други истражувања, Најт и Галуп открија дека демократите повеќе им веруваат на вестите отколку на републиканците.

Демократите повеќе им веруваат на вестите отколку на републиканците.
Галуп

Во текот на изминатите пет години, нивото на недоверба особено се зголеми меѓу независните гласачи. Севкупно, 55% од испитаниците рекле дека има голема политичка пристрасност во покривањето настани, во споредба со 45% во 2017 година.

Во наодот што се рефлектира во финансиските битки на некои новински организации со ефект врз опаѓањето на рејтингот на телевизиските информативни мрежи, истражувањето покажа дека 32% од Американците рекле дека посветуваат големо внимание на локалните вести, во споредба со 56%, од периодот на почетокот на 2020 година.

XS
SM
MD
LG