Линкови за пристапност

Eвропски конзорциум за заштита на новинарите документира 11 напади во Северна Македонија


Во 2021 година, МФРР забележа 654 предупредувања за напади врз новинари, иако мора да се истакне дека Украина и Молдавија беа вклучени само во 2022-ра, бидејќи не беа земји - кандидати претходната година.
Во 2021 година, МФРР забележа 654 предупредувања за напади врз новинари, иако мора да се истакне дека Украина и Молдавија беа вклучени само во 2022-ра, бидејќи не беа земји - кандидати претходната година.

Конзорциумот од шест невладини организации за мониторинг на нападите врз медиумите со седишта низ неколку градови во Европа го објави својот извештај за статусот на медиумите во некои земји-членки на ЕУ, но и земјите - кандидати за ЕУ, како и во Украина.

Конзорциумот за брза реакција за слободата на медиумите (МФРР) документираше закани и напади врз новинарите и медиумските слободи и работници во земјите-членки на ЕУ и земјите кандидати, вклучувајќи врз 1339 поединци или медиуми.

Во 2021 година, МФРР забележа 654 предупредувања за напади врз новинари, иако мора да се истакне дека Украина и Молдавија беа вклучени само во 2022-ра, бидејќи не беа земји - кандидати претходната година.

Тековниот извештај за мониторинг нуди преглед на состојбата со слободата на медиумите низ ЕУ и земјите кандидати во 2022 година, а има и специјално поглавје за војната во Украина и нејзините реперкусии за слободата на медиумите.

МФРР објави дека по руската инвазија, во 140 медиуми имало нарушувања, кои изнесуваат 17,2% од вкупниот број регистрирани во сите анализирани земји во 2022 година.

Сепак, загриженоста за безбедноста на новинарите, аналитичари и медиумски работници на Стариот континент не беа ограничени на тие професии – туку и на оние кои работат во воени зони.

Во 2022 година, извештајот посочи дека ширум Европа имало многу форми на притисок и напади, кои се движат од смртни закани или хакирање на нивните телефони со шпионски софтвер, па се до вознемирувачки тужби од приватни фирми или спречување за новинарите да имаат пристап до прес-конференции. Во Европската унија се регистрирани 415 предупредувања во земјите-членки, додека 398 беа регистрирани во земјите - кандидати. Во ЕУ, главниот тип на инциденти биле вербални напади (42,4% од сите предупредувања) – но и закани (24,6%) или навреди (13,3%) – и правни тужби (27,2%).

По судските притисоци врз медиумите, имало и физички напади врз новинарите и медиумските работници во ЕУ (20,5%), проследено со напади врз средствата за работа (15,7%) – како што е опремата (8,7%) – или инциденти со цензура, кои произлегоа 8,6% од севкупните напади во 2021 година па се до 14,5% во 2022.

Приватните лица се главни извршители на напади врз новинарите во ЕУ (37,8% од случаите), но тоа има намалување од 50% меѓу случаите во 2021.

Владите и јавните функционери беа вториот најчест извор на напади (17,1%), потоа полицијата и државната безбедност (11,3%).

Извештајот е поделен на неколку поглавја: преглед кој нуди податоци и графики за состојбата со слободата на печатот во ЕУ и во земјите кандидати во 2022 година. Четири тематски делови со квантитативна анализа нуди извештајот за најрелевантните закани во следните земји на ЕУ: Белгија, Естонија, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Полска, Шпанија и Шведска; и во земјите-кандидати: Албанија, Северна Македонија, Србија и Турција.

Состојбата со новинарите во Северна Македонија

Во 2022 година, извештајот на Европскиот конзорциум за заштита на новинарите документираше 11 предупредувања со закани во Северна Македонија, кои вклучија 11 лица или медиумски куќи. Следејќи го трендот низ ЕУ, огромното мнозинство од овие инциденти се случаи на вербални напади (9), вклучувајќи, заплашување, проследено со физички напади (3) против медиумските работници.

Упатени се навреди и вербални закани против новинари од страна на јавни службеници, вклучително и навреди кон македонските новинари, како група, кои биле наречени „проститутки“ на Фејсбук од пратеник како знак на незадоволство од медиумското покривање на почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Во извештајот се наведува и заплашувањата во јули лани кога во полициска станица била повикана новинарката Соња Колевска-Делевска на рочиште во врска со објавена статија.

Уште еден „официјален разговор“ со полицијата, пријавила новинарката Вики Клинчарова како „предупредување“ поради жалба од лице кое било наведено во новинарска статија. Во двата случаи, се работи за поединци незадоволни од медиумското покривање, а продолжиле да им се закануваат на новинарите преку полициски службеници. Третото предупредување измината година во Северна Македонија, според извештајот, документира непрофесионално однесување од полицаец кој ја оштетил камерата на репортер на ТВ 24 Вести. Новинарот не бил повреден.

Во извештајот до Европскиот конзорциум за заштита на новинарите се наведува и случајот со новинарот Зоран Божиновски кој бил навредуван, но, подоцна нападнат и претепан надвор од својот дом од маскирани лица. По нападот, завршил во болница - со повреден нос, отечено око и повреди на главата.

Друг инцидент е регистриран со снимател на ТВ24 кој исто така бил навредувал пред да биде удрен по глава и вратотод сопственикот на ТВ-куќата (екс-политичар), наведува МФРР.

Уште двајца новинари кои работеле за регионална телевизија во Полошко, Гостивар, биле навредувани и туркани по скали, а потоа една новинарка била бркана со секира додека известувала од основно училиште, наведува Конзорциумот за брза реакција за слободата на медиумите (МФРР) во прегледот на случувањата во 2022-ра.

XS
SM
MD
LG