Линкови за пристапност

Како Германија се извлече од зависноста од рускиот гас?


Германија, за помалку од една година, измина долг пат што многу други европски земји го поминаа речиси една деценија.
Германија, за помалку од една година, измина долг пат што многу други европски земји го поминаа речиси една деценија.

Создадена е нова инфраструктура за увоз на течен гас по морски пат од други земји. Тоа траеше помалку од една година, потенцираат експерти за руската редакција на Гласот на Америка.

Германија повеќе не зависи од рускиот увоз на енергија, изјави министерот за финансии Кристијан Линднер на Светскиот економски форум во Давос.

По почетокот на војната во Украина, по поскапувањето на рускиот гас, а потоа и намалувањето, па дури и прекинувањето на неговите испораки, Берлин успеа целосно да се преориентира кон увоз на суровини од други земји - пред се од Норвешка и Холандија, наведуваат експертите.

Германија, за помалку од една година, измина долг пат што многу други европски земји го поминаа речиси една деценија.

Во исто време, велат експертите, самиот Берлин се доведе во такви услови кога беше неопходно итно да се симне од зависноста од руската цевка, избегнувајќи политички притисок за војната во Украина.

На почетокот на војната, рускиот удел на германскиот пазар беше над 37 проценти. Од февруари до мај, се намалува. Се повеќе гас се купува од други земји
Асенова, Фондација Џејмстаун

„Така се промени структурата на испораките на гас за Германија. На почетокот на војната, рускиот удел на германскиот пазар беше над 37 проценти. Од февруари до мај, се намалува. Се повеќе гас се купува од други земји“, вели Маргарита Асенова, Фондација Џејмстаун.

Но, од мај, руското присуство во германскиот гасен сектор брзо исчезнува. Норвешка и Холандија особено активно ја спроведуваат испораката. До 1 јануари 2023 година, Норвешка веќе сочинуваше 42 отсто од испораките на гас, Холандија - 29. Русија повеќе не е најбитна, вели Асенова.

Префрлувањето од руски гас во снабдување со гас од повеќе земји е тешко, бидејќи суровината од Русија доаѓаше преку веќе изградени цевководи и беше полесно само да се продолжи да се добива отколку да се изгради сосема нова инфраструктура со терминали долж брегот.

„Цистерните доставуваат гас до овие терминали во течна форма - така се нарекува - течен природен гас, скратено како (ЛНГ). Потребни се складишни капацитети, тоа се и постројки за преработка на ЛНГ во почетна гасовита состојба, со цел дополнително да се транспортира преку германски гасовод“, наведува Маргарита Асенова од Фондација Џејмстаун.

На 4 мај 1922 година, заменик-канцеларот, кој е и министер за економија на Германија, Роберт Хабек пристигнува во малиот град Вилхелмшафен на брегот на Северното Море.

Тој најавува дека се изнајмени 5 пловечки фабрики, а до крајот на 2022 година Берлин целосно ќе се ослободи од зависноста од рускиот гас.

„Кога Хабек и другите германски министри ја објавија оваа цел, сè уште не верував дека таа ќе биде постигната толку брзо. Можеби до 24-та година, но дека до крајот на 22-та година ќе биде возможно, тогаш ми се чинеше - невозможно“, изјави Андреас Умланд, аналитичар од Стокхолмски центар за источноевропски студии.

На 20 мај, Германија преговара за снабдување со ЛНГ со Катар.

Меѓу клучните извозници се САД и Канада. Норвешка и Холандија почнуваат да го преземаат водството. Берлин изнајмува платформи за обработка на ЛНГ за околу 10 милијарди евра.

Изградбата на сопствени фабрики е во стратешките планови, но ова е долг процес, а енергетската независност од Москва мора веднаш да се постигне за да не замрзне во зима.

„Германија, како и другите европски земји, имаше минимални резерви на руски гас на почетокот на 2022 година. Тие се направени пред недостигот на снабдување што започна пролетта. Не беше можно да се смета на обновување на увозот во претходните количини. Згора на тоа, „Северен тек“ потоа запре, а подоцна беше целосно исклучен од акција“, изјави професорот Бенџамин Шмит од Универзитетот во Пенсилванија.

Берлин ја окарактеризира политиката со гасот на Москва во екот на војната со Украина како уцена и манипулација со цените.

Германија повторно ги отвора електраните кои работат на јаглен и мазут, а исто така го одложи и затворањето на три нуклеарни централи. На почетокот на септември, канцеларот Олаф Шолц потенцираше дека земјата дефинитивно ќе ја преживее зимата.

Се очекуваше дека отфрлањето на руските суровини неизбежно ќе доведе до нагло зголемување на цените. Но, во Берлин расположението меѓу властите, беше следново: „во оваа фаза, скапиот гас, е подобар од никаков“.

И тука е парадоксот: на крајот на летото, кога сè уште работеше „Северен тек“, гасот беше поскап отколку што е сега.

Русија не успеа да ја замрзне Европа и да ги подигне цените на ниво што луѓето нема да можат да си го дозволат и ќе излезат да протестираат, како што очекуваше официјален Кремљ.
Асенова, Џејмстаун

Русија не успеа да ја замрзне Европа и да ги подигне цените на ниво што луѓето нема да можат да си го дозволат и ќе излезат да протестираат, како што очекуваше официјален Кремљ„Топлата зима во Европа и големите залихи на гас во складиште ја намалија цената, бидејќи побарувачката почна да опаѓа од ноември. Овие цени не се ниски. Но, тие, се нормализираа. А Русија не успеа да ја замрзне Европа и да ги подигне цените на ниво што луѓето нема да можат да си го дозволат и ќе излезат да протестираат, како што очекуваше официјален Кремљ“, коментира Маргарита Асенова од Фондација Џејмстаун.

Сепак, според економистите, ова е привремен пад.

Цените на бензинот најверојатно повторно ќе пораснат.

Но, од Давос, лидерите порачаа дека по глобалното преструктуирање, европскиот пазар на гас целосно ќе се стабилизира, најверојатно до 2026 година.

XS
SM
MD
LG