Линкови за пристапност

САД ќе обезбедат помош за Украина од две милијарди долари


Помошта ќе вклучува оклопни возила Страјкер, но не и тенкови Абрамс
Помошта ќе вклучува оклопни возила Страјкер, но не и тенкови Абрамс

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ја посети Германија за да се сретне со новиот германски министер за одбрана Борис Писториус, како и утре да одржи состанок со групата за одбрана на Украина, предводена од САД.

Се очекува САД да објават нов пакет во вкупна вредност од повеќе од 2 милијарди долари, кој вклучува оклопни возила Страјкер, но не и тенкови Абрамс.

Потсекретарот за одбрана Колин Кал вчера изјави за новинарите дека на Украина ѝ е потребна опрема за да ѝ помогне да ги пробие вкоренетите руски линии. Но, тој рече дека тенковите Абрамс нема да бидат најдобрата помош што може да се обезбеди во овој момент, укажувајќи на потенцијалните предизвици во нивното користење и одржување.

„Една од работите на кои секретарот Остин беше многу фокусиран е дека не треба да им обезбедуваме на Украинците системи што не можат да ги поправат, не можат да ги одржат и што тие не можат да си го дозволат на долг рок, бидејќи тие не е корисни“, рече Кал.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес на Твитер им се заблагодари на Естонија и Шведска за нивните најави за нови пакети за воена помош.

Зеленски ја нарече помошта „инвестиција во нашата заедничка победа“.

Шведска денес соопшти дека испраќа оклопни борбени возила и противтенковско оружје како дел од пакетот вреден 419 милиони долари.

„Воената поддршка за Украина е апсолутно клучна“, рече премиерот Улф Кристерсон на прес-конференција. „Желбите на Украина во однос на тоа што тие сакаат имаат голема тежина во нашата одлука.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, денес изјави дека патува за Киев за да се сретне со Зеленски и други официјални претставници.

Дел од информациите во текстот се преземени од АП, Ројтерс и Франс-прес

XS
SM
MD
LG