Линкови за пристапност

Групата Вагнер да престане да регрутира граѓани на Србија за војната во Украина, бара Вучиќ


Советникот на американскиот Стејт департмент Дерек Шоле за време на неговата турнеја низ неколку балкански земји минатата недела изрази загриженост дека групата Вагнер сака да регрутира војници од Србија
Советникот на американскиот Стејт департмент Дерек Шоле за време на неговата турнеја низ неколку балкански земји минатата недела изрази загриженост дека групата Вагнер сака да регрутира војници од Србија

Според последните промени во пропагандниот наратив на Кремљ каде што „Русија е во војна против колективниот Запад“, во Србија има група платеници, познати во светот по својата суровост.

Неодамна во дел од српските медиуми повторно активно се зборува за можното присуство на платеници од групата Вагнер во Србија. Советникот на американскиот Стејт департмент Дерек Шоле за време на неговата турнеја низ неколку балкански земји минатата недела изрази загриженост дека групата Вагнер сака да регрутира војници од Србија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на 16 јануари побара да се запре регрутирањето на граѓаните на Србија од страна на Вагнер за учество во војната меѓу Русија и Украина. Ова го изјавил во интервју за српската телевизија Хепи, пренесува Ројтерс.

„Зошто вие, од Вагнер, повикувате некого од Србија [да се приклучи на ПВК], иако знаете дека тоа е спротивно на нашите правила?, го цитираа Вучиќ медиумите.

„Колку луѓе изгубивме во секакви војни?... Да ја спасиме нашата земја и нашиот народ... Горд сум што сме слободна и слободарска земја“, додаде тој.

Србија забранува присуство на свои државјани на странски боишта согласно Кривичниот законик, кој за таа цел беше изменет во 2014 година.

Додадени се две нови кривични дела – учество во војна во странска држава и организирање учество во војна во странска држава.

На изјавата на Вушиќ ѝ претходеа низа чекори на Кремљ. Непосредно пред тоа, пропагандниот канал контролиран од Кремљ, РТ започна преку Интернет-страница за емитување и вести РТ Балкан на српски.

Информациите за можното присуство на руски платеници на северот на Косово беа објавени од повеќе медиуми во Србија и регионот, известувајќи дека маскираните лица биле видени во близина на барикадите со знаците на таа руска воена платеник.

Слични тврдења имаше премиерот на Косово Албин Курти.

И покрај наводите, официјалното присуство на руски платеници на северот на Косово не е потврдено.

XS
SM
MD
LG