Линкови за пристапност

Првата дама на Украина Зеленска побара од Конгресот повеќе оружје за борбите против Русија


Зеленска го заврши својот говор со апел за достава на повеќе оружје, велејќи дека војната во Украина не е завршена и дека одговорот лежи во Вашингтон.
Зеленска го заврши својот говор со апел за достава на повеќе оружје, велејќи дека војната во Украина не е завршена и дека одговорот лежи во Вашингтон.

Прва дама на Украина Олена Зеленска се обрати до Конгресот, упатувајќи редок личен апел до САД, како сопруга на странски лидер, да ѝ обезбедат на Украина системи за противвоздушна одбрана, бидејќи руската инвазија на Украина влегува во шестиот месец, пренесоа американските медиуми.

Во краток, но емотивен говор, Зеленска зборуваше се влошените безбедносни, економски и хуманитарни услови во Украина, објави Вашингтон пост.

„Сакам да ви се обратам не како прва дама, туку како ќерка и како мајка“, рече Зеленска на украински, додека симултана преведувачка, го толкуваше нејзиниот говор на англиски: „Без разлика на тоа какви позиции и титули ќе достигнеме во нашите животи, пред сè, ние секогаш остануваме дел од нашето семејство. … Ова е големата вистина на нашиот живот. Нашето семејство го претставува целиот свет за нас, и ние би направиле се - за да го зачуваме“.

Зеленска истакна дека таа е прва сопруга на странски лидер што му се обратила на Конгресот и оти првите дами обично се „исклучиво ангажирани во мирољубиви активности “.

„Но, како можам да зборувам за мирољубиви активности кога против мојата земја се води неиспровоцирана инвазивна војна. Русија го уништува нашиот народ“, рече таа.

Зеленска го заврши својот говор со апел за достава на повеќе оружје, велејќи дека војната во Украина не е завршена и дека одговорот лежи во Вашингтон, каде што американските законодавци би можеле да се вклучат во нормално планирање со месеци.

„Барам оружје - оружје што нема да се користи за водење војна на туѓа земја, туку за заштита на нашите домови и правото да се направи живот, во тој дом“, рече Зеленска.

„Барам системи за противвоздушна одбрана со цел ракетите да не убиваат деца во колички… и да убиваат цели семејства“, потенцираше првата дама на Украина.

Излагањето на Зеленска во Конгресот уследи помалку од два месеци откако САД одобри пакет помош од 40 милијарди долари за Украина во мај, која вклучува воена помош од 20 милијарди долари, економска помош од речиси 8 милијарди долари, глобална помош за храна од речиси 5 милијарди долари.

Во писмото до колегите од Демократската партија спроти посетата на Зеленска, спикерката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси го истакна бројот на жртвите од војната во Украина меѓу жените и девојчињата, тема, којашто, таа рече, особено ги загрижува жените во Конгресот.

XS
SM
MD
LG