Линкови за пристапност

Зеленски ги отпушти шефот на Агенцијата за домашна безбедност и главната обвинителка


Украинскиот претседател рече дека ги отпуштил овие функционери затоа што излегле на виделина многу случаи за членови на нивните агенции дека соработувале со Русија
Украинскиот претседател рече дека ги отпуштил овие функционери затоа што излегле на виделина многу случаи за членови на нивните агенции дека соработувале со Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски доцна вчера издаде извршни наредби за разрешување на шефот на Украинска агенција за домашна безбедност и главната обвинителка.

Наредбите за разрешување на шефот на Агенцијата за домашна безбедност Иван Баканов, пријател од детството на Зеленски, и на генералната обвинителка Ирина Венедиктова, која ги предводеше напорите за гонење на руските воени злосторства во Украина, беа објавени на официјалната веб-страница на претседателот.

Во посебна објава на Телеграма, Зеленски рече дека ги отпуштил највисоките функционери затоа што излегле на виделина многу случаи за членови на нивните агенции дека соработувале со Русија.

Тој рече дека се отворени 651 случај за предавство и соработка против претставници на обвинителството и органите на прогонот и дека повеќе од 60 службеници од агенциите на Баканов и Венедиктова сега работат против Украина на териториите окупирани од Русија.

„Низата злосторства против основите на националната безбедност на државата се многу сериозни прашања за релевантните лидери“, рече Зеленски.

„Секое од овие прашања ќе добие соодветен одговор“, додаде тој.

Зеленски го назначи Олексиј Симоненко за нов јавен обвинител во посебна извршна наредба, која исто така беше објавена на страницата на претседателот.

Извор: Ројтерс

XS
SM
MD
LG