Линкови за пристапност

Блинкен се среќава со првата дама на Украина Олена Зеленска во Стејт департмент


Во месец мај, пак, првата дама на САД Џил Бајден се сретна со  Зеленска во западна Украина
Во месец мај, пак, првата дама на САД Џил Бајден се сретна со  Зеленска во западна Украина

Државниот секретар на САД Ентони Блинкен денес се среќава со украинската прва дама Олена Зеленска во Стејт департментот.

Во месец мај, пак, првата дама на САД Џил Бајден се сретна со Зеленска во западна Украина.

Патувањето на Џил Бајден тогаш не беше најавено. Таа изјави дека смета оти е важно „ да му се покаже на украинскиот народ дека оваа војна мора да престане, дека оваа војна е брутална и народот на САД стои со народот на Украина“.

Зеленска ѝ се заблагодари на Бајден за нејзиниот „храбар потег“

Во меѓувереме, пак, шефот за надворешна политика на Европската унија Жозеп Борел изјави дека се надева оти дека ќе има договор со Русија да ги деблокира украинските пристаништа во Одеса.

Говорејќи пред новинарите во Брисел, Борел рече дека Русија мора да дозволи извоз на украински жито или во спротивно меѓународната заедница ќе мора да се изјасни дека Москва „ја користи храната како оружје“.

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш рече дека постои „широка согласност “ за договорот меѓу Русија и Украина, со Турција и ОН, за извоз на милиони тони украинско жито заглавено во силоси од руската инвазија на 24 февруари.

XS
SM
MD
LG