Линкови за пристапност

Путин е отворен за договор за жито со Украина, но бара да се укинат санкциите против Русија


Путин зборуваше во Иран по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за предложениот план за обновување на украинскиот извоз
Путин зборуваше во Иран по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за предложениот план за обновување на украинскиот извоз

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е подготвена да ја олесни испораката на жито од пристаништата покрај Црното Море, но оти сака западните земји да ги укинат санкциите против рускиот извоз на жито.

Путин зборуваше во Иран по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за предложениот план за обновување на украинскиот извоз.

Руската инвазија на Украина ја наруши украинската трговија, а со притисоци врз глобалното снабдување со храна, Обединетите нации се вклучени во разговорите за деблокирање на пратките.

Фархан Хак, заменик - портпарол на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, изјави дека Гутереш и понатаму е оптимист оти договорот може да биде завршен.

Тој додаде дека Гутереш разговарал за тековните преговори во понеделникот во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби рече дека Русија подготвува анексија на окупираните украински територии, по примерот на Крим. Кирби рече дека областите што ги разгледува Русија се Херсон, Запорожје и Доњецк и Луганск.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс-прес

XS
SM
MD
LG