Линкови за пристапност

Францускиот предлог влезе во Собрание – што е следно?


Францускиот предлог влезе во Собранието на Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:19 0:00

Францускиот предлог влезе во Собранието на Северна Македонија

На понеделничката собраниска координација ќе се решава кога би се одржала пленарната седница на парламентот на која ќе се разгледува францускиот предлог за преговарачката рамка. Собранискиот спикер најавува дека ќе се направи проценка кога да се закаже седницата зашто в понеделник почнува и дебата за ребаланс на буџетот, која трае најмногу пет дена, но која може да се прекине и да почне сесијата за францускиот документ.

Но, уште пред одржувањето на координацијата на пратеничките групи, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата со писмен допис, побара од Џафери да ја врати информацијата добиена од владата за предлог-преговарачката рамка. Образложението е дека материјалот што го добиле од владата бил нецелосен.

„Ова е класична девастација и девалвација на Собранието и ова е класична злоупотреба и симнување на најниско ниво на законодавниот дом. Имено, материјалот што е стасан од Владата во Собранието се заснова на информација за предлог преговарачката рамка од еден лист. Текст од една страна е целиот материјал што Владата го испрати за одлучување во Собранието врз основа на кое што треба пратениците да се изјаснат за иднината на Република Македонија. Срамота за државата, срамота за Владата, а уште поголема срамота за Собранието кое што прима вакви документи.“, изјави Никола Мицевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата тврди дека Владата, со ваквото постапување, ја префрла одговорноста за, како што го нарекува, штетниот предлог врз Собранието. Мнозинството, пак, смета дека парламентот е местото каде треба да се донесе конечната одлука – „за“ или „против“ предлогот.

Одговорност е на законодавниот дом преку носење на натамошни заклучоци согласно собраниските процедури за овој европски предлог. Сите политички партии, сите пратеници во Собранието треба да покажат одговорност, државност, да придонесат со дијалог, конструктивност во носењето на конечната одлука. Да се постапува целосно во согласност со стратешките определби на земјата за интеграција и полноправно членство во Европската Унија со исклучување на билатерални историски и образовни елементи во рамката.“, оцени Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

Експертската јавност бара на Собранието да му се остави простор да дебатира за содржината на предлогот.

„Со оглед на тоа што се случуваше изминатите денови, сите имаме одговорност, да му дадеме простор на Собранието рационално колку што може да ги разгледа овие прашања колку што може зашто ова се многу експертски прашања. Собранието е исклучително важно, бидејќи знаеме дека првиот чекор којшто доаѓа кај нас е промената на Уставот во тековниот предлог на преговарачката рамка, што нема да биде лесен чекор и за него мора да бидат обезбедени сите чинители колку што е возможно.“, изјави Симонида Кацарска, Институт за европска политика.

Евроамбасадорот денеска даде појаснувања од перспектива на Унијата откако земјата, во изминатите денови, се најде во ситуацијата на сериозна поларизираност.

„Наше гледиште е дека предлогот го зачувува македонскиот јазик. Во срцето на предлогот е преговарачката рамка, а во неа стои македонски јазик без какво било дополнување или фуснота. По првата Меѓувладина конференција ќе почне процесот на скрининг. Втората Меѓувладина конференција ќе се одржи, веднаш по автоматизам, по измената на Уставот“, потенцираше Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во Северна Македонија.

Состојбата, останува тензична – дел од граѓаните, со поддршка на опозицијата, своето незадоволство од францускиот предлог од денеска почнаа да го манифестираат и со блокади на крстосници во Скопје и неколку магистрални патишта во земјата.

XS
SM
MD
LG