Линкови за пристапност

Спасовски: Полицијата спречи инцидент од поголеми размери


Да немало полиција немаше да има ниту уапсени ниту реакција на полицијата, рече првиот човек на МВР за негодувањата од јавноста кон полициската реакција за вчерашниот инцидент кај „Скендербег“
Да немало полиција немаше да има ниту уапсени ниту реакција на полицијата, рече првиот човек на МВР за негодувањата од јавноста кон полициската реакција за вчерашниот инцидент кај „Скендербег“

Во нередите кај „Скендербег“, најмалку две лица извадија огнено оружје и стрелаа. За второто лице, облечено во црно, со капче и очила, кое исто така извади пиштол и пукаше, нема сознанија дали е приведено

Полициски службеници имаше доволно. Не рековме дека немало инцидент. Спречивме инцидент од поголеми размери. Да немало полиција немаше да има ниту уапсени ниту реакција на полицијата.

Тоа го одговори министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарски прашања за синоќешните инциденти кај плоштадот „Скендербег“, а за кој во јавноста имаше реакции дека полицијата не реагирала навремено.

„Погледнете ги видеата кои беа објавени од медиумите. Ќе ви покажам една слика, зарем ова не е интервенирање на лице место. Да, не треба да дојде до ова секако. За да не дојде до ова секој еден граѓанин мора да знае дека мирни протести мора да бидат. На никого не му е дозволено да вади огнено оружје и да загрозува безбедност“, рече Спасовски.

Во нередите кај „Скендербег“, најмалку две лица извадија огнено оружје и стрелаа. За еден од нив, според објавите на дел од политичките партии, се испостави дека е сопственик на хотел и брат на, веќе разрешениот, в.д. директор на Комунална хигиена, Зуди Енузи.

Rally in Skopje, second armed man with a gun
Rally in Skopje, second armed man with a gun

На снимките и фотографиите имаше и второ лице, облечено во црно, со капче и очила, кое исто така извади пиштол од којшто испука во воздух, додека трае кусата снимка од настанот.

Од МВР утрово излегоа со соопштение дека после инцидентот биле приведени пет лица. Притоа веднаш бил приведен Е.Ј.(40) од Скопје, осомничен за пукање од пиштол.

„Уште три лица се лишени од слобода поради фрлање со тврди предмети кон полициски службеници. Еден полициски службеник беше повреден со тврди предмети пред Собранието на РСМ и е задржан на болничко лекување. Уште едно лице е приведено пред угостителски објект на подрачјето на Центар, поради снимање со дрон без дозвола“, се вели во соопштението од МВР.

Приведено било и момчето што завчера фрли молотов коктел кон полицискиот кордон за време на протестите пред Собранието. Станува збор за Ј.С.(18) од Скопје, кој бил идентификуван од снимката и го признал делото.

Второто вооружено лице што пукаше кај плоштадот „Скендербег“
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:40 0:00

За вечерва повторно е закажан протест од 19 часот, со почетна точка од Владата, а крајна Собранието. Официјална одлука од организаторите за евентуална промена на маршрутата, засега нема.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG