Линкови за пристапност

Аналитичарите сметаат дека не треба да се брза со конечниот одговор околу францускиот предлог


Аналитичарите околу францускиот предлог велат да ме се брза
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:11 0:00

Што добива, а што губи Северна Македонија со Францускиот предлог кој е основа за тргање на бугарското вето и отварање на пристапните преговори за членство во ЕУ. Димитар Николовски, извршен директор на Центарот за европски стратегии Евро тинк, вели дека најголемиот отпор против предлогот е по прашањето на вклучувањето на историските прашања во преговарачката рамка.

„Но, тоа можеме да го согледаме кога ќе го видиме тој втор протокол, кој се уште не ни го покажуваат. Не сум баш најсреќен од одлуката на владата, дозирано да ни ги објавува клучните информации во врска со ова. Би сакал да ги отворат сите карти, да дадат некои подобри објаснувања, за тоа како тие го објаснуваат овој предлог, да го изанализираат подетално, дури потоа да има многу поширок консултативен процес“, вели тој.

Екс амбасадорот, Ивица Боцевски, вели дека земјава губи се со Францускиот предлог.

„А, добива мачка во вреќа, односно добива многу повеќе од неизвесност, добива еден долг период на малтретирање од страна на Бугарија, малтретирање, кое оди по линија на сите оние идентитетски, културни, историски и сите други права, за кои македонскиот народ се има изборено за време на втората светска војна. А, наспроти тоа не добива ништо“, вели Боцевски.

Не треба да се брза со донесувањето на конечна одлука. Премногу е големо прашањето и премногу енергија се има вложено во него, за да се донесе брзоплета одлука, вели Николовски.

„Не сум и среќен со тоа дека се создава чувство на итност, земи или остави, сега или никогаш. Не мислам дека, ако не се донесе сега одлука, односно ако биде одговорот од наша страна, не, дека готово ќе пропадне целиот процес на европските интеграции. Затоа што од нас се бара многу повеќе отстапки, отколку од Бугарија. Јас би сакал тие историски прашања, да бидат што помалку застапени, да може да бидат излоиран и да не бидат јасен услови внатре во преговарчаката рамка“, вели Николовски.

И Боцевски вели дека брзањето, никој неможе да го разбере.

„Нашата влада, треба да го одбие предлогот и не само да го одбие туку да го поништи предлогот, како и да не постоел. И, после тоа редно е да одиме на избори. И, потоа тоа новата влада со еден јасен демократски легитимитет, поаѓајки од едногласно усвоената резолуција на македонското собрание, околу позициите на Македонија во спорот со Бугарија, да седне повторно со институциите на Унијата и на Бугарија и да се избори за јасна и гласна рамка, за преговори, која ќе биде исклучиво фокусирана на европското законодавство, без било какво задирање на македонскиот идентитет“, додава тој.

Николовски препорачува дека граѓанското општесво може да помогне со конкретни чекори и совети, како би изгледал тој процес. Според претседателот, Пендаровски, јазикот и идентитетот не се загрозени, и оти не е точно дека историјата ќе биде услов во преговорите.

XS
SM
MD
LG