Линкови за пристапност

Делегации од Шведска и Финска на разговори со турските власти за апликациите за влез во НАТО


Кандидатите за НАТО мора да добијат зелено светло од сите членки на Алијансата.
Кандидатите за НАТО мора да добијат зелено светло од сите членки на Алијансата.

Делегации од Шведска и Финска беа во средата во турската престолнина Анкара на разговори со турските власти за апликациите на двете нации за влез во НАТО, што наиде на противење од Турција.

Турција ги обвини Шведска и Финска дека засолниле луѓе поврзани со милитантната група Курдистанска работничка партија (ПКК) и следбеници на муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен со седиште во САД, за кого Турција вели дека го организирал обидот за државен удар во 2016 година.

Кандидатите за НАТО мора да добијат зелено светло од сите членки на Алијансата.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека е уверен дека ќе бидат надминати сите приговори и дека и Шведска и Финска ќе бидат добредојдени во Алијансата.

Некои информации дојдоа од Асошиетед прес, Агенцијата Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG