Линкови за пристапност

Бајден со силна поддршка за лидерите на Финска и Шведска по нивните апликации за влез во НАТО


Топло ги поздравувам и силно ги поддржувам историските апликации од Финска и Шведска за членство во НАТО и со нетрпение очекувам со Конгресот на САД и нашите сојузници во НАТО да работиме за брз влез во најсилниот одбранбен сојуз во историјата“, рече Бајден.
Топло ги поздравувам и силно ги поддржувам историските апликации од Финска и Шведска за членство во НАТО и со нетрпение очекувам со Конгресот на САД и нашите сојузници во НАТО да работиме за брз влез во најсилниот одбранбен сојуз во историјата“, рече Бајден.

Американскиот претседател Џо Бајден е домаќин на финскиот претседател Саули Нинисто и шведската премиерка Магдалена Андерсон на разговори во Белата куќа за нивните апликации за влез во НАТО, поддршката за Украина и европската безбедност.

Бајден ја пофали, како што ја нарече, „важната одлука“ на Шведска и Финска, откако тие официјално аплицираа за членство во воената алијанса на НАТО како одговор на руската инвазија на Украина.

„Топло ги поздравувам и силно ги поддржувам историските апликации од Финска и Шведска за членство во НАТО и со нетрпение очекувам со Конгресот на САД и нашите сојузници во НАТО да работиме за брзо внесување на Финска и Шведска во најсилниот одбранбен сојуз во историјата“, рече Бајден.

На состанокот во Пентагон, американскиот секретар за одбрана Лојд Остин му рече на својот шведски колега Питер Хултквист: „Го очекуваме вашиот придонес во НАТО алијансата“. Хултквист оцени дека Шведска го користи своето право да прави свој избор во обезбедувањето на нејзината безбедност.

„Ова е време кога демократиите на Европа и Северна Америка мора да застанат заедно против отворената агресија на Русија“, рече Хултквист.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја објави веста во средата во седиштето на Алијансата во Брисел, придружуван од амбасадорите од двете земји, откако ги прими нивните формални писма за апликација.

XS
SM
MD
LG