Линкови за пристапност

САД повторно ја отворија Амбасадата во Киев


По три месеци, американското знаме повторно се вее над Амбасадата“, се вели во соопштението од американскиот државен секретар Антони Блинкен што го пренесе од Стејт департментот.
По три месеци, американското знаме повторно се вее над Амбасадата“, се вели во соопштението од американскиот државен секретар Антони Блинкен што го пренесе од Стејт департментот.

„Денеска официјално ја продолжуваме работата во Амбасадата на САД во Киев. Украинскиот народ, со нашата безбедносна помош, успешно ја брани својата татковина наспроти неиспровоцирана инвазија на Русија. По три месеци, американското знаме повторно се вее над Амбасадата“, се вели во соопштението од американскиот државен секретар Антони Блинкен што го пренесе од Стејт департментот.

„Гордо стоиме со и продолжуваме да ги поддржуваме владата и народот на Украина додека ја бранат својата земја од бруталната агресивна војна на Кремљ“, се додава во соопштението.

Дискусијата за позицијата на Турција за апликацијата за членство во НАТО од Финска и Шведска ќе продолжи денеска за време на средбата меѓу американскиот државен секретар Антони Блинкен со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Њујорк.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, изјави за новинарите во вторникот дека по разговорите со сојузниците во НАТО, постои „силен консензус“ за прием на Шведска и Финска и дека „ние сме уверени дека ќе можеме да го зачуваме тој консензус“.

Но, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази резервираност за приклучувањето на овие две нордиски земји во Алијансата, обвинувајќи ги дека им даваат безбедно засолниште на „терористите“ и воведуваат санкции кон Турција.

Рускиот претседател Владимир Путин го предупреди Западот дека Москва ќе одговори доколку НАТО го засили своето воено присуство во Финска и Шведска.

Американскиот претседател Џо Бајден ќе ја изрази својата лична поддршка кога ќе се сретне в четврток во Белата куќа со шведската премиерка Магдалена Андерсон и претседателот Саули Ниинисто од Финска.

XS
SM
MD
LG